„Мис на Македонија“: Велковска спиеше со мене за 2400 евра!

Денешната прес-конференција беше свикана од бизнисменот Ристовски по повод обвинувањата од Велковска дека тој се занимавал со елитна проституција

Лидија Велковска, нема да ја наречам госпоѓица бидејќи не е, е единствената проститутка тука, таа среде ноќ ми дојде во станот во Охрид, спиеше со мене за 2.400 евра. Таа е манипулатор каков што Македонија досега не видела ни ќе види- со овие и уште полоши зборови бизнисменот Ристо Димовски им се обрати на медиумите на денешната прес-конференција по повод сите случувања деновиве околу организацијата на Мис на Македонија.

lidija-velkovska-6

Димовски, кој себе се нарекува познат активист, новинар и македонски патриот и веќе 4 децении живее и работи во Австралија, неколку пати бил спонзор на вакви слични манифестации. Пред неколку дена, организаторката на „Мис на Македонија“, Лидија Велковска, го претстави Димовски како нов организатор на овој избор, за веќе следниот ден, во друго соопштение да се огради од оваа изјава и соработка, поради „основан сомнеж дека тој ќе соработува и со агенции кои се занимаваат со елитна проституција“.

Димовски бил изненаден од овие обвинувања, бидејќи како што вели, иако знаел дека Велковска се служи со лаги, наивно и верувал и решил да и помогне кога таа побарала помош од него за организирање на овогодинешниот избор. Тој најави дека планира на суд да бара правда, иако нема писмени докази бидејќи парите на Велковска секогаш и ги давал на рака или во кревет.

На прес конференцијата се обрати и модниот менаџер Мики Црнокрак, кој сакаше да ги демантира кажувањата кои Велковска за него и неговата модна агенција „Црнокрак“. Тој рече дека со избори за убавина се занимава уште од 1991 година, поседува 70 лиценци за разни интернационални избори, каде девојките кои ги испратил често се враќаат со по неколку титули, додека оние на Велковска никогаш не влегле во финале.

Црнокрак ја обвини дека на „Мис на свет“ таа секогаш не претставува како ФИРОМ.

Циркузот околу изборот на Мис на Македонија за Мис на свет започна кога Велковска, која ја поседува оваа лиценца, за изборот побарала помош од Димовски и Црнокрак. Во два дена, бил организиран изборот, а на половина вечер таа на жирито им поделила соопштение дека тоа не е избор за Мис, туку само уште еден кастинг за избор на најубава Македонка, но за следната година. Имено, претходно до организацијата на Мис свет испратила барање оваа година поради недостаток на средства да не се испраќа македонска претставничка, а одговорот дека тоа барање е прифатено го добила на денот на изборот.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

ЦУК: Активни три пожари на отворено, изминатото деноноќие имало вкупно 33

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума. 

Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот на територија на општина Сарај е во регионот на село Радуша кон село Дворце. Таму гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума.

Популарно