Следниот месец на пазарот за паметни телефони ќе се појави новиот Samsung Z1 кој работи на оперативен систем Tizen а цената за истиот ќе биде само 90 долари.
Samsung ќе направи продор на пазарот на нови генерации на паметни телефони кои ќе функционираат на Tizen оперативниот систем, за чиј развој е задолжена истоимената компанија.
Првиот паметен телефон на Samsung кој ќе работи на Tizen ќе биде Z1 и ќе чини 90 долари.
За таа цена, купувачот ќе добие уред со екран од четири инчи со резолуција од 800х480 пиксели, двојадрен процесор од 1,2 гигахерци, 768 MB RAM, 4 GB простор за складирање податоци со microSD картичка. Предната камера на овој телефон ќе биде 0,3 мегапиксели додека задната 3,0. Телефонот ќе се поврзува по пат на 3G врска и ќе има батерија со моќност од 1.500 mAh.