Еве зошто Жељко досега не можеше да се венча со Јована во црква

Српскиот пејач и кантавтор  Жељко Јоксимовиќ морал да го одложи венчавањето со Јована бидејќи морал да побара од Српската православна црква да му го поништат бракот со првата сопруга Весна, со која на вечна љубов пред Бога се заколнал пред 19 години.

hitportal-svadba-zeljko-jovana

Според пишувањето на српски Курир, Жељко прво поднел молба до свештеникот во црквата во Ваљево каде се венчал, а која била проследена на размислување кон советот на црквата, кој донел одлука тој брак да се поништи.

„Според црковниот обичај, бракот може да се повтори, но за тоа е потребно одобрување од советот на црквата. Затоа Жељко и Јована дури досега чекаа за да се заколнат на вечна љубов пред Бога. Ретки се случаите црквата да одбие нечија молба“, открива извор.

Коментари

Популарно