ВИДЕО: Женска тепачка во Турскиот парламент

Уставните промени со кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака да си ги зголеми ингеренциите како претседател, уште еднаш ги степаа пратениците.

Овојпат за коса се фатија пратеничките.

Три пратенички се хоспитализирани ноќта кон саботата во меѓусебната тепачка која кулминираше откако независната пратеничка Ајлин Назлиака се врза со лисици за говорницата во знак на протест на усвојувањето на уставните реформи за проширувањето на овластувањата на шефот на државата.

Жените се тепаа а мажите гледаа од страна.

Коментари

Популарно