Петмина се ранети во тепачка која избила на партиски состанок на ДУИ во Сарај

Петмина се ранети, а еден од нив е тешко повреден откако вечерва избила тепачка на партиски состанок на ДУИ кој се одржувал во огранокот во Сарај, пишува НОВАТВ.мк

dui2

Според неофицијални информации пресметката се случила по несогласувања помеѓу приврзаници на Рафиз Алити и Блерим Беџети. Извори за НОВА велат дека настанот се случил пред околу 4 часа кога по вербалната расправија дел од присутните извадиле пиштоли и започнале да пукаат. Еден од петмината повредени е во животна опасност.

Обид за кражба на изборен материјал во Чаир

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(Фото) Сообраќајка кај „Скопјанка“, се судрија два автомобили

Сообраќајна несреќа на раскрсницата кај „Скопјанка“, општина Аеродром.

Во сообраќајката учествувале два автомобили. Полициските службеници се на лице место и работат на случајот.

Причината за несреќата не е позната и сеуште не е познато дали има повредени лица.

Има краток застој во сообраќајот.

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Популарно