Македонската пејачка Елена Ристевска во вистинско светло се престави пред Балканската публика на шоуто „Твоето лице звучи познато“. Во досегашните 10 емисси Елна одлично имитораше балкански и светски ѕвезди, но во следното, полуфинално издание таа ќе им сврти грб на камерите.
Ваквиот исход е затоа што Елена ќе треба да нсцената да се однесува како Сиа, која има необичен стил кога станува збор за нејзините настапи, секогаш носи перика и настапува свртена со грб кон камерите, овој пат така ќе биде поставена и Елена. На сценските настапи на Сиа фокусот е ставен на танчарите, а лицето не и се гледа, па така и Елена во полуфиналето нема да ја видиме само ќе ја слушаме како ќе ја изведува „Chandelier".
Веќе од неделава во шоуто ќе се вклучи и публиката и на сите десет натпреварувачи, вклучувајќи ја и нашата Елена ќе им бидат потребни гласовите на публиката кои заедно со оние од жирито ќе одлучат кои петмина ќе одат во финалето и ќе се борат за наградата вредна 25.000 евра која ќе ја проследат во хуманитарни цели.