ХОТЕЛ МАМА: Ќе се отселам кога ќе се омажам!

Многу хрватски девојки и момчиња живеат со родителите. Своите детски соби ги напуштаат со околу триесетина години. Тоа значи и подоцнежно засновање семејство, па и долгорочна штета за демографски урнисаното општество, анализира DW.

Ивана не размислува засега да го напушти родителскиот дом

Да се дели станбениот простор со родителите за хрватската младина е сосема нормална работа. Не чуди што Хрватска во тој поглед е неславен рекордер во ЕУ, зашто 70% од нејзините полнолетни граѓани, помлади од 34 години, уште не „полетале“ од родителското гнездо. Слично е и во Србија, а ситуацијата во Македонија е уште полоша, со 73%. Едни ја обвинуваат кризата, која од младите прави зависници од родителските приходи, па дури и од пензиите на бабите и дедовците. Други грешка бараат во разгаленоста на новите генерации или неускладеноста на традиционалниот начин на живеење со продолженото детство и подоцнежното влегување во брак. За илустрација, европскиот просек за неосамостени млади луѓе до 34 години изнесува 47,9 %.

Продавачката Ивана има 22 години и живее во Лика. Да беше во некој случај родена во Финска, веројатно по работата ќе доаѓаше во социјален стан, а родителите ќе ги гледаше дури на неделниот ручек. Вака, со мајката, исто така продавачка, двајца помлади браќа и пензионер татко, дели стан од 70 квадратни метри, во кој некогаш живееле нејзините баба и дедо. Дедо ѝ го добил станот кога се нашол на врвот на приоритетната листа во фабриката каде работел, а подоцна, по распадот на Југославија, евтино го откупил. „Не размислував да се отселам. Всушност, размислував, но не сериозно. Би се иселила ако родителите можеа да ме пратат на факултет“, вели таа. Признава, во ова животно доба сака само да се забавува, да излегува и во слободно време да се занимава со некое хоби. Во станот поминува малку време, а најголем дел од куќните работи ги врши мајката. Но, и таа сѐ повеќе помага. Среќна е што, за разлика од многу другарки, има работа и не бара пари за џепарлак од родителите. „Еве, напиши дека ќе се отселам еден ден, кога ќе се омажам“, вели со насмевка која сугерира дека мажачката е во некоја далечна иднина. Семејството на Ивана има и една стара наследена куќа, но бидејќи таа е во зафрлен кварт, далеку од градските содржини, не размислува за неа како за можен стан.

Од друга страна, една деценија постариот загрепчанец Лука долго размислува како да го напушти родителскиот дом во кој израснал заедно со брат му. Уште од факултетски денови им завидувал малку на колегите од други места и градови, кои во Загреб живееле без родителски надзор. Тоа накратко му успеало кога од статус на хонорарец преминал во постојан работен однос и примал редовна плата. Изнајмил мал стан во кој се вселил со долгогодишната девојка. Идилата траела само една година. Работодавачот пропаднал, Лука останал без приходи. Девојката не можела самостојно да го финансира заедничкиот живот, па двајцата решиле да го откажат станот и пред две години да се вратат секој кај своите родители. „Немаш претстава колку е фрустрирачки да се вратиш кај старците и да делиш соба со десет години постар неоженет брат. Кога го гледам него, како да се гледам себеси во иднина“, раскажува тој. На прашањето дали се чувствува како „лузер“, одговара потврдно. Иако повторно нашол нова работа, не се одлучува повторно да влета во потстанарство, а и се разделил од девојката.

Повеќе генерации под ист покрив

Непостоечко социјално домување

Дали на младите луѓе им е добро со родителите или е заедничкото живеење нужност, го прашавме Јосип Панџиќ од катедрата за социјална политика на Правниот факултет во Загреб. Показателите се уште полоши во старосната група од 25 до 29 години, вели тој. Дури 83 % од таа група уште живеат заедно со родителите. „Од 2000 до 2013 година трендот бележи раст“, вели Панџиќ за Дојче веле. Причините се многустрани, некогаш се индивидуални и неможни за генерализирање, како селидба поради љубовна врска, вработување или семејни проблеми. Но, од друга страна, има и структурни причини. „Тие се поврзани со финансиите на поединецот. Во северна и западна Европа младите многу побрзо го напуштат родителскиот дом. Јужните и источните земји, посебно транзициските, имаат поинаква култура на домување. Станува збор за повеќегенерациско заедничко живеење, каде во еден станбен објект се наоѓаат и по три генерации. Во западна и северна Европа тоа е незамисливо.“

Според Панџиќ, за Хрватска и земјите во регионот пресудни за доцното напуштање на родителското гнездо се финансиските проблеми, високата невработеност на младите, како и самиот сектор на домување. „Конкретно, дали во една земја постои традиција на социјално домување, за евентуален премин од живеење во родителски дом и сопствеништво над станот во подоцнежно доба? Ако не постои тој социјален сектор на домување, се случува рез меѓу родителскиот дом и сопствеништвото, а тоа се манифестира во високи кредитни задолжувања“. Бројни млади луѓе се имаат изгорено на кредити кои не можат да ги враќаат, па остануваат со блокирани сметки и без недвижности во кои планирале да го поминат животот.

Дали сите во Југославија имаа стан?

Во бившата држава, ќе речат постарите, општествениот стан значеше трајно решение на станбеното прашање, становите беа релативно квалитетни, а висината на станарините симболична. Потстанарството најчесто беше преодна фаза од родителски дом кон општествен стан. Денес, би се заклучило, младите имаат значително полош старт од своите родители. Панџиќ вели дека тој дискурс за општествените станови сепак би требало да се релативизира.

„Постоеја добростоечки и полоши претпријатија. Согласно со вложувањето на нивниот профит во станбениот фонд, работниците имаа подобри или полоши решенија на станбеното прашање. Освен тоа, важни беа и односите во претпријатијата. Становите беа распределувани според политичката подобност и односите во фирмата и доаѓаше до злоупотреби.“

Има ли решение за проблемите со домувањето? Не постои еден рецепт, вели Панџиќ. „Но, ако го имаме во вид досегот на социјалното домување во скандинавските и во западноевропските земји, кон кој би требало барем да се тежнее, ако веќе не можеме да ги достигнеме во некои стандарди, потребно е развивање на секторот на социјално домување. Тој во Хрватска де факто не постои. Не зборувам младите цел живот да го поминат во социјални станови, туку тие да служат како развоен императив на напредувањето на целата земја“, заклучува Панџиќ.

Денес е Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме. Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението. Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Смртта не може да Го задржи самиот Живот – Животодателот. Саботата е денот кога, во почетокот, Бог, откако го завршил создавањето на светот и човекот, видел дека е сè добро и се успокоил, се одморил, отпочинал и овој ден станал ден на покојот. Исто така и Христос го завршил Своето богоспасително дело до Петокот попладне и во Саботата, успокоен, во божествен покој лежел во гробот, заспан во смртен сон. Велиме заспан, затоа што и Он така рече за умрената девојка која ја воскресна од мртвите, а на луѓето што плачеа им рече: „Девојката не е умрена, туку спие“ (Матеј 9, 24; Марко 5,39; Лука 8,52). 

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа. Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот. Богослужбата е поврзана со содржините од Библијата. Најпрво, пред плаштаницата, се читаат текстови од пророкот Језекиил: пророштвото за воскресението од мртвите (Језек. 37,1-14), а по нив, Апостолот ни кажува за тоа дека треба да го отфрлиме стариот квас, „оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ – „Христос нè искупи од клетвата на Законот“ (1. Кор. 5,6-8; Гал. 3,13-14) и најпосле, Евангелието говори за запечатувањето на гробот и поставувањето стража (Матеј 27,62-66). На Литургијата, пак, се чита Евангелието за Христовото воскресение (Матеј 28,1-20) и богослужбено оттогаш започнува Воскресението.

Во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов, катагодина се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму) го носат низ целиот свет. Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста. На трпезата строг пост. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг и не се јаде зејтин. Но, за поткрепа на оние што се на целодневната молитва, допуштено е и вино.

„Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“

Вториот поткаст на „Гласот на МААА“ на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) носи наслов „Младите и можностите за претприемништво“.

Дали земјава има потенцијали за претприемништво на младите, ако знаеме дека сме лидери со младинска невработеност? Со таа дилема започна вториот поткаст кој го модерираше Ана Зафирова, новинарка и членка на МААА. Заедно со неа во поткастот учествуваат и Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia и ко-основач на Ways2Help и Данчо Димков, претприемач, автор на претприемничка литература, основач на неколку компании а, меѓу нив Bizz Bee Solution.

Низ своите инспиративни лични приказни соговорниците го приближија претприемничкиот животен пат и искуствата кои ги имале.

„Претприемништвото ми помогна за да си го откријам моето „зошто?“. Низ животот има одредени работи што нè трошат, а одредени што нè полнат. Токму претприемничкиот дух ме принуди да се прашам, што е тоа што ми ја дава енергијата и да сфатам дека сум од оние луѓе кои ги исполнуваат работите со кои оставам импакт, кога правам нешто добро. Со Ways2Help им помагаме на социјално загрозени семејства, и тие мали чекори кои ги правиме, ми помогнаа да се спознаам себе си“ – вели Моника Ризоска Таневска.

Според Данчо Димков претприемничките вештини се учат, но подготвеноста за преземање ризици е таа која турка напред. Затоа тој ги охрабрува младите да влезат во таа приказна, да не бараат оправдувања и изговори, затоа што кога си млад ризикот е помал и учиш.

„Ако сакаш да направиш начин, ќе најдеш начин, ако не сакаш да го направиш, ќе најдеш изговор. Затоа што многу поедноставно е да ја обвинуваме државата или инфраструктурата дека е виновна за нешто, отколку да бидеш претприемач и да најдеш начин како да го совладаш предизвикот. Тоа значи hassle, се обидуваш, заобиколуваш, прекокнуваш проблеми, бараш надворешна помош, со цел да најдеме начин како да ги решиме проблемите и да изградиме подобра заедница за сите нас.“ – вели Димков.

За среќа на честите натпревари, хакатони и акцелератори и Ризовска и Димков гледаат „гладна младина“ која сака да создава и да прави убави работи, но се согласуваат околу предизвикот како таа младина треба да се задржи во земјата и да продолжи да создава тука, дома.

„Сите настани кои ги организираме со Women in Tech Macedonia, се пополнети во најкус рок значи има интерес и ентузијазам“ споделува Ризовска Таневска.  

Се надеваат дека тој интерес ќе биде пресретнат и со погодна клима и веруваат дека знаењата кои тие ги имаат ќе им бидат од полза на идните претприемачи кои ќе треба да извршат влијание и ќе направат општествени промени во нашата земја.

Ова е вториот од серијалот поткасти на МААА, насловен „Гласот на МААА“ во рамките на проектот „Алумни поттикнуваат волонтерство и воннаставни активности“ и е достапен на следниот линк: 

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте со Зорица Трајкова Стрезовска, претседателка на МААА, на email [email protected] или на телефонскиот број 078/29 79 30.

Со почит,

Македонско-американска алумни асоцијација

Ова е единственото масло што треба да го јадете!

Дали знаете кое масло е најдобро за вашето срце? Кардиологот Џон Кан од Американската Асоцијација на Кардиолози го има одговорот.

Се работи за органското ладно цедено маслиново масло. Според Кан, доколку ги замените разните путери, маргарини, свински масти и слично со органско ладно цедено маслиново масло, го намалувате ризикот за срцев удар за цели 25 проценти!

Ниедно друго масло не содржи толкава количина на монозаситени масти, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, тврди Кан, кој е поборник за медитеранска исхрана. Медитеранската исхрана подразбира консумирање на поголеми количини на зеленчук, овошје и јаткасти плодови, како и што поголема замена на црвеното месо со риба.

На прашањето што мисли за кокосовото масло, Кан само кратко одговори дека во медитеранската исхрана не се употребува кокосово масло.

Имајте ги овие информации во предвид следниот пат кога ќе одите да пазарувате, но внимавајте - ладното цедено масло во супермаркетите нема врска со вистинското и кавлитетно органско маслиново масло, кое за жал можете да го купите само од луѓе кои го произведуваат за сопствени потреби, а цената му е неколку стотици евра за само неколку литри!

Популарно