(18+ВИДЕО) И мажите имаат „Г“ точка за неверојатен оргазам - еве како да му пружите задоволство

covermaintaingsexualrelationshipf_600x450

И мажите имаат „Г“ точка и оргазам за кој досега сигурно не сте знаеле.

Продавниците за сексуални помагала изминативе години најчесто правеа електрични апарати за жени, но трендот секогаш се менува. Причината е се позачестена приказна за машката „Г“ точка, а тоа е простатата.

-Масажа на простата дефинитивно станува се попопуларна, особено е запоставена од страна на хетеро мажите кои мислат дека ваквите работи се премногу хомосекусални, а тоа едноставно нема врска со вистината. Масажата може да им ја прави и партнерката, а може и самите да си ја прават- вели Џес Том кој се занимава со произведување на секс играчки.

Тој објаснува дека машката „П“ точка (п како простата) има можност на мажот да му подари повеќекратни оргазми. Таа се наоѓа во близна на коренот на пенисот и има големина од една метална пара. Може да се стимулира рачно, а интересно е што на тој начин мажите може да имаат повеќекратни оргазми што некогаш им се припишуваше само на жените.

-Оргазмите настанати со стимулација на простата може да траат подолго, да бидат поинтензивни и помоќни- вели докторката Марта Росентал..

maz-g-tocka

За сите вас кои не знаевте, машката точка е простатата. Тоа е жлездата кој се наоѓа отприлика 5 до 7 cm од анусот, на предната страна на аналниот канал и непосредно под мочниот меур. Овој дел овде може да го доведе машкото до целосна кулминација. Масажата и допирите на простатата кај некои момци може да доведе со најјакиот оргазам кои некогаш го доживеале, а истражувања покажале дека во едно, тоа е здраво за простатата. Ова влијае доста на машките кои одбиваат анални допири, и дава објаснување за порастот на гејпопулацијата.

Еден начин да се стимулира простатата, е со нежна масажа низ анусот. За ваквиот начин на доведување на вашиот партнер до оргазам, мора да бидете двајцата тотално опуштени и спремни на нови авантури.

Како да го постигнете ова? Започнете со орална стимулација на неговиот анус, можете да комбинирате и со прсти, ако така повеќе сакате. Пожелно е при ваквата стимулација да набавите напрстоци кои ќе ги избегнат непријатните мириси или евентуални гребатини од нокти, а можат да се најдат во продавниците за секс помагала. Исто така се препорачува и користење на лубриканти на водена база кои помагаат за безболна пенетрација. Ако се ова апсолутно и комплетно ви одговара, нема да биде лош подарок и вибратор за стимулација на ваквата точка.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Зошто љубовта секогаш доаѓа кога најмалку очекуваме?

Сите сме поминале низ тешки периоди кога ни недостасувала љубов и сме се чувствувале осамени. И после сите тие фази секогаш следи период во кој се чувствуваме дека се е можно во нашиот љубовен живот.

Дали сте забележале како одеднаш сѐ се менува и добиваме покани за излегување секогаш кога изгледа дека сме среќни со нашиот самечки живот? Зошто секогаш запознаваме некого баш во моментот кога се откажуваме од барање?

Независноста е привлечна

Независноста не значи да сакаш нешто што не можеш да го имаш. Независноста значи да ти биде удобно во своја кожа.

Очајот не е привлечен

Кога премногу се трудиме и постојано не успеваме – тоа нѐ исцрпува. Се чувствуваме одбиено и несакано. И тоа ќе се одрази на нашиот изглед. На нашето лице, на нашето тело и на говорот на нашето тело. Тешко е луѓето да го видат најдоброто во нас, кога ова е единствената страна која ја гледаат. А луѓето можат да намирисаат очај од голема далечина. Затоа, не се трудете толку многу.

Премогу размислуваме

Понекогаш, кога мислиме на нашите проблеми, можеме да ги поправиме. Но, кога станува збор за љубовта, ова може да е контра-продуктивно. Ја бараме секоја можна маана, затоа што не сакаме да си го губиме времето. И на крај ги преувеличуваме и најмалите проблеми, а тоа нѐ спречува подобро да ја запознаеме другата страна.

Кога престануваме толку силно да бараме некој друг, се запознаваме подобро себеси

Запознавањето на работите кои ги сакаме нѐ прави среќни. Ние ги следиме нашите сопствени интереси и активности, затоа што ги сакаме. И тоа нѐ прави задоволсни. И среќата која тоа ја носи со себе е заразна, го брише очајот и прави да престанете толку многу да анализирате.

Кога се фокусираме на нашите страсти, запознаваме луѓе кои ни се слични и така се зголемуваат шансите да запознаеме некого

Многу често се поврзуваме со некого токму затоа што имаме заеднички работи. Па затоа, кога правиме нешто што сакаме, ние сме на правото место за запознавање на прави луѓе. Секако дека не ги правиме тие работи за да запознаеме некого, но сепак поголеми се шансите да се случи тоа без да го бараме тоа.

Кога престануваме да се замараме толку, делуваме поопуштени и полесни за комуникација

Тоа е затоа што сме такви. И не, животот не си подигрува со нас, туку едноставно треба повеќе да се фокусираме на нашите животи и интереси. И секогаш се случува тоа кога ќе престанаме да бараме.

Популарно