Вистинскиот рај на земјата за авантуристите постои, и тоа точно во Охајо, САД. Се работи за приватниот летен камп Ohio Dreams, во кој се наоѓа еден од најголемите тобогани наречен Slip N Fly.

Камот е за деца од 7 до 17 години, а Slip N Fly е отворен за јавноста во ограничени термини врзани за различни настани во текот на годината. Спуштањето низ овој тобоган претставува врвно доживување, бидејќи по лизгавата подлога се наоѓате во состојба на слободен лет, чувство кое многумина го опишуваат како нешто најубаво што доживеале.