Колку е скапо Скопје? Ова е прашањето на кое одговор дава британецот и светки патник Џејсон Билам во кусата репортажа направена во Скопје.

Првиот трошок ми е смештајот, вели Британецот. Хостелот во кој е сместен го чини 475 денари или 6,85 фунти, за тие пари има и појадок појадок, собата е чиста а персоналот е пријатен и љубезен, вака ја започнува својата репортажа Билам кој беше сместен во центарот на градот. Првата станица му е Милениумскиот крст на Водно.
По Водно, огладнев и купив бурек, вели британскиот турист, одушевен од вкусот но и од цената.
Цените во супермаркетите се ефтини, коментира Билам, но и во рестораните каде храната е вкусна и разновидна. Вечерата вели тој го чинела помалку од пет фунти. На крајот на денот, калкулаторот на Британецот покажа дека за еден ден во Скопје тој потрошил малку над 15 фунти, со се смештајот, шетањето и храната. А тоа е навистина супер, ја завршува репортажата светскиот патник и блогер Џејсон Билам.