Малкумина знаат дека сестрата на фудбалерот Лука Јовиќ , Милијана, е вистинска убавица.
Милијана се преселила од родната Бјелина во Белград, каде студира, а како што претходно изјави фудбалерот, таа често доаѓа да го посетува во Мадрид, каде во моментов живее со неговата партнерка Софија Милошевиќ и синот Алексеј.

Пред неколку години, Лука откри дека неговата постара сестра се бори со леукемија, која таа ја надмина и дека тоа беше најтешкиот момент во животот на целото семејство Јовиќ.
"Јас не зборувам многу за ова, но кога имав 9 или 10 години, мојата постара сестра беше сериозно болна, тоа беше момент што ги обележа нашите животи. Лекарите открија дека има леукемија, таа беше во болница многу долго. Семејството беше разделено, јас живеев со татко ми и дедо ми, отидов во Звезда, додека мајка ми беше со сестра ми “, рече Лука во една прилика и додаде:
"Беше тешко време, но она што најмногу го паметам е чувството да си одам дома во Батар по игрите со Звезда. Еден ден, додека татко ми ме возеше дома од тренинг, тој застана и го зеде нашиот чичко и братучед. Не знаев што се случува, но тогаш сфатив дека дома организирале голема прослава. Отидовме дома и сестрата имаше хартиена капа што личеше на роденденска забава. Докторите и соопштија дека е излекувана, чувството не моќе да се опише, кога знаеш дека сè е во ред“, ја отвори душата Лука во едно интервју.
Милјана сега е среќна девојка, лудо заљубена.