Фото: Сестрата на славниот фудбалер е вистинска убавица

Малкумина знаат дека сестрата на фудбалерот Лука Јовиќ , Милијана, е вистинска убавица.

Милијана се преселила од родната Бјелина во Белград, каде студира, а како што претходно изјави фудбалерот, таа често доаѓа да го посетува во Мадрид, каде во моментов живее со неговата партнерка Софија Милошевиќ и синот Алексеј.

Пред неколку години, Лука откри дека неговата постара сестра се бори со леукемија, која таа ја надмина и дека тоа беше најтешкиот момент во животот на целото семејство Јовиќ.

"Јас не зборувам многу за ова, но кога имав 9 или 10 години, мојата постара сестра беше сериозно болна, тоа беше момент што ги обележа нашите животи. Лекарите открија дека има леукемија, таа беше во болница многу долго. Семејството беше разделено, јас живеев со татко ми и дедо ми, отидов во Звезда, додека мајка ми беше со сестра ми “, рече Лука во една прилика и додаде:

"Беше тешко време, но она што најмногу го паметам е чувството да си одам дома во Батар по игрите со Звезда. Еден ден, додека татко ми ме возеше дома од тренинг, тој застана и го зеде нашиот чичко и братучед. Не знаев што се случува, но тогаш сфатив дека дома организирале голема прослава. Отидовме дома и сестрата имаше хартиена капа што личеше на роденденска забава. Докторите и соопштија дека е излекувана,  чувството не моќе  да се опише, кога знаеш дека сè е во ред“, ја отвори душата Лука во едно интервју.

Милјана сега е среќна девојка, лудо заљубена.

Бритни Спирс: Плачам пред да заспијам, ќе ми треба некакво чудо за моите емоции

Бритни Спирс откри дека плаче пред да заспие додека се бори со своите несигурности.

40-годишната ѕвезда сподели потресна објава со своите фанови додека се отвори за начинот на кој луѓето се прикажуваат себеси на социјалните мрежи и се присети на нејзините трауми од минатото.

„Тоа е лудо… социјални мрежи… животот на сите изгледа совршен и кога објавувам работи мислам дека најчесто сум целосно засрамена од моето минато… кој може да ги заборави тие документарни филмови?“ напиша таа.

„Така што, се трудам да објавувам дека изгледам најдобро или како може да изгледа добар живот… вистина е дека моето расположение е подобро, но засекогаш ќе бидам трауматизирана од моето минато искуство…

„Нема начин да го надминам сето тоа, моите емоции и чувствителност…терапија, сето тоа!!! Мислам дека ќе ми треба некакво чудо за моите емоции.“

Бритни потенцира дека нејзиниот живот не е како што изгледа во нејзините објави на социјалните мрежи.

„Мојот живот во никој случај не е совршен… Плачам додека да заспијам повеќето ноќи. Чувствувам несигурност.“

(Фото + Видео) Хајди Клум позира топлес на плажа

Манекенката и водителка Хајди Клум често споделува фотографии и кадри од приватниот живот, најчесто предизвикувачки и интимни, па на Инстаграм повторно сподели видео на кое до израз доаѓа целото нејзино тело.

Манекенката носеше само минијатурно бикини.

Уште една летна комбинација предизвика многу лајкови, а доколку не ги исклучеше коментарите веројатно ќе знаевме што мислат нејзините следбеници за нејзиното совршено тело.

На видеото манекенката седи со раширени нозе и се наведнува наназад за да не и се гледа лицето.

Нејзиното меѓуножје е во преден план, бидејќи мобилниот го ставила меѓу раширените нозе.

Овие нејзини фотографии и снимки се само за полнолетни лица.

Видеото погледнете го ОВДЕ

(Фото) Александра Младеновиќ во најжешко издание - бикини кое ќе ве хипнотизира

Пејачката Александра Младеновиќ конечно на крајот на август успеа да земе десет дена одмор и да отпатува за Грција, поточно на островот Родос.

Друштво и прави нејзината сестра Валентина од Житораѓе, со која се чувствува многу опуштено и најубаво за летување. По толку деловни обврски, како и приватни ситуации кои ја снајдоа во последните месеци, на пејачката и беше потребен одмор каде ќе може да го покаже целиот шарм со кој располага.

Имено, колку е атрактивна и каква топ линија одржува, можеа да забележат нејзините многубројни следбеници на Инстаграм.

Посебно внимание привлече малото розово бикини кое пејачката го носеше и играше на „картата за провокација“.

„Блескаш, како и секогаш“, „Предизвикувачки“, „Мала но преслатка“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

Популарно