ФОТО: Погледнете како изгледаат сите деца на Александар Маленко

Поранешниот македонски пливач Александар Маленко е надалеку познат љубовџија.

Тој зад себе има 4 брака и 5 деца.

Ќерката Лора од бракот со Сузана Турунџиева е првата радост и најстара меѓу наследниците на Маленко.

Потоа доаѓа синот Ахил кој го има со актерката и моментален директор на театар „Комедија“, Јелена Жуѓиќ.

Третиот брак му беше со русинката Татјана Михајловна Фјодорова, со која исто така има едно дете за кое многу малку се знае во македонската јавност.

Моментално пливачот е во брак со Фенче со која има два сина, и постојано објавува фотографии од нив на Твитер.

Мила Стефановска – најмладиот глас на „Златно Славејче“ со песната „Мила прави торта“

На само 6 години, малата Мила Стефановска успеа да внесе свежина, искреност и несекојдневен шарм на големата сцена на „Златно Славејче“, со своето музичко деби – песната „Мила прави торта“. Оваа манифестација, која долги години претставува платформа за промоција на детскиот талент, доби ново лице во ликот на најмладата учесничка досега, која со својата храброст, детска искреност и талент ги воодушеви сите присутни.

Песната „Мила прави торта“ не е само детска композиција – таа е весела ода за радоста на животот, малите моменти и моќта на љубовта што ги прави работите поубави. Со разигран текст и мелодија што веднаш се памети, оваа песна ве носи назад во најбезгрижните детски денови.

Настапот на Мила на сцената на „Златно Славејче“ беше нејзиниот прв чекор во светот на музиката, а нејзината природност и шарм беа најголемите ѕвезди на вечерта.

Покрај тоа што успеа да се истакне како најмладата учесничка на „Златно Славејче“, Мила стана инспирација за сите деца кои сонуваат да застанат на големата сцена. Со својата насмевка и харизма, таа покажа дека нема прерано време за да се започне со исполнување на соништата.

Скопјанката Агнеса воодушеви со „Tomorrow“ без микрофон во Карнеги Хол

На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, на 27ми декември 2024 настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје.

Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење на разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre.

12-годишната Агнеса настапи во Бродвеј категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а нумерата ја изведе без микрофон.

Нејзиниот обемен и јак вокал ги воодушеви сите во Карнеги Хол.

Агнеса од Скопје беше единствениот претставник од Европа во 2024 година во сите категории.

Со музика се занимава од 4-годишна возраст, а под водство на наставник пет години пее во детски хорови. Последните две години оди на поединечни часови кај Ана Костадиновска, којашто ја подготвуваше и за настапот во Њујорк.

Под нејзино менторство Агнеса се пријави на натпреварот American Protege, а победниците беа повикани да настапат во Карнеги Хол во Њујорк.

Претходно Агнеса настапи на два меѓународни натпревари во Скопје, во МНТ и МОБ, каде што освои прво место.

Лепче со паричка на Бадник или на Василица?

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености.

Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје.

Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Популарно