ВИНСКИ ВИКЕНД СО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ФЕВРУАРИ-МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО ЗА СИТЕ КУПУВАЧИ НА СТАН

По повод празникот на љубовта и виното, Свети Валентин и Свети Трифун, Адора инженеринг за секој купен стан со потпишан договор, од 1-ви до 20-ти февруари, подарува романтичен вински викенд.

Традицијата на градежниот бренд за награди и изненадувања на своите купувачи, овој пат продолжува со организирана посета на реномирана винарија во Македонија, каде среќата од новиот дом купувачите ќе ја дополнат со прекрасен викенд за двајца, славејќи ја љубовта со квалитетни вина од македонското поднебје.

Целта на Адора инженеринг е на купувачите секогаш да им понуди повеќе од дом, како внимание за нив и семејството, со што им возвраќа за довербата со изборот на стан од оваа компанија, подарувајќи им убави моменти со најблиските.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Популарно