Скопјанец пронајден починат во охридски хотел

На 09.06.2024 година во 00:09 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во хотелски комплекс во Охрид, починат пронајден е С.Д.(63) од Скопје.

Увид извршиле полициски екипи а лекар од Итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство.

Инфлуенсерка од Тунис пронајдена почината во Малта

Инфлуенсерката Фарах Ел Кади почина на 36-годишна возраст, а нејзиното тело беше пронајдено на јахта на Малта.

Фарах Ел Кади се сомнева дека починала од срцев удар.

Локалните медиуми јавуваат дека таа немала траги од повреди на телото и дека пристигнала на Малта за да ужива во неколкудневен одмор.

Се наведува и дека ќе биде извршена обдукција и дека ќе биде покрената судска истрага за да се утврди точната причина за смртта.

Инфлуенсерката, Сулаима Хнеинија, која живее на Малта, ја познавала Фара и вели дека таа била прекрасна личност.

„Таа беше позната по својата добрина, дарежливост и топлина. Нејзиниот позитивен дух ги допре сите што ја имаа привилегијата да ја познаваат“, рече Сулаима Хнеинија.

Фарах ги користеше социјалните мрежи за да го промовира својот моден бренд, а сега нејзините следбеници се збогуваат со неа.

“Не можам да поверувам. Ми недостигаш“, „Ангеле, патувај“. „Ова многу ме погоди. Почивај во мир“, напишаа следбениците.

(Фото) Ова е 19 годишното момче кое загина во сообраќајката кај Куманово

Деветнаесетгодишно момче загина во вторникот сообраќајна несреќа откако со возило излета од регионалниот пат Куманово – Липково.

Според МВР, сообраќајката се случила на 18.06 во 17.20 часот на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, кога патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот.

„Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово“, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Медиумите на албански јазик во земјата објавија дека загинатото момче е Ресул Адеми.

Избувна голем пожар во Валандово, постои опасност да се прошири кон селото Миравци

Голем пожар на отворено избувна денеска близу археолошкиот локалитет „Исарот“, веднаш над селото Марвинци во Општина Валандово. Постои опасност да се прошири кон селото, а во близина на пожарот има штали.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот зафатил сува трева и прнар, на терен го гаснат три против пожарни возила и 8 пожарникари, а на помош се повикани и пожарникари од ТППЕ Гевгелија со едно против пожарно возило.

Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, пожарот е пренасочен и пожарникарите не дозволуваат да се прошири кон селото Марвинци.

Инаку, на територијата на Општина Валандово има уште еден активен пожар во селото Чалаклија, а вчера имало пожар меѓу селата Пирава и Јосифово.

Популарно