Инцидент во Штип: Возач на „Опел“ излетал од патот

На 16.06.2024 во 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Рибник“ во Штип патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(47) од с.Визбегово, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид на екипа од СВР Штип.

300 евра за да не објави експлицитни фотки – уапсен скопјанец кој уценувал девојка

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 14.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје на територија на населба Ченто во Скопје го лишија од слобода А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

„Имено, на 25.06.2024, 20-годишна девојка во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода“, стои во соопштението од полицијата.

Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.

Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември.

-Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.

Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.

Екипа на Брза помош заедно со пациент заглавени во лифт во зграда во Скопје

Медицинска екипа, заедно со пациент се заглавени во лифт во зграда во Кисела Вода во Скопје.

Од ЦУК информираат дека заглавените побарале помош од 112 и дека се известени сите надлежни за спасување. -Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје, информираат од Центарот.

Популарно