Десетти хуманитарен пикник за вработените во „Алкалоид“: Околу 2 милиони денари за организацијата „СОС Детско село“

„Алкалоид“ АД Скопје ја продолжи хуманата мисија на 10-тиот по ред донаторски хепенинг по неколкугодишна пауза која се должеше на пандемиските ограничувања. Хуманитарниот пикник беше спроведен под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ во присуство на вработените, членовите нанивните семејства и/или нивни пријатели.

„Денес заокруживме значаен, 10-ти јубилеј на колективна солидарност на собирот кој прерасна во празник на хуманоста за сите алкалоидовци. Околу три илјади наши колеги и пријатели донираа средства преку Фондацијата ’Трајче Мукаетов’, кои ќе бидат наменети за СОС Детско село. Со оваа организација отпочнавме стратешка соработка во 2022 година со цел да ги олесниме тековните трошоци за децата под нивна закрила, едукативна поддршка, пристап до професионално советување и слично зашто секое дете заслужува посреќно и побезгрижно детство.“

Директорката за обезбедување фондови и комуникации на СОС Детско село, Силвија Брајовиќ, истакна : „Со ’Алкалоид’ веќе три години нè поврзува едно прекрасно партнерство, кое не само што ја покажува нивната посветеност како компанија туку и искрената грижа за најранливите во нашата заедница – децата без родителска грижа. Донацијата претставува продолжување на трета година кумство и поддршка на едно згрижувачко семејство за тековни животни трошоци и развојни потреби на децата, кои добиваат не само материјална помош, туку и љубов, сигурност и припадност“

Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата „СОС Детско село“ отпочна во 2022 година кога една од куќите на локалитетот во населба Ченто беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, се издвојуваше одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани на оваа организација. „СОС Детско село“ во моментов се грижи за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Организацијата функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца.

Линк за донации: https://sos.org.mk/doniraj-33/

Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица

Регистрирани сe 45 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 23 до 29 септември. Пријавени се две починати лица со Ковид-19, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 10 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, a највисока инциденца е регистрирана во Демир Хисар. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 68 лица. Во текот на минатата недела, пријавени се две починати лица асоцирани со Ковид-19, од Демир Хисар и Охрид, од возрасната група над 65 години. Лицата се вакцинирани со две и три дози против Ковид-19, поминати се три години од последната доза вакцина, со регистрирани коморбидитети. Едното позитивно лице е починато во болнички, а другото во домашни услови, појаснуваат од ИЈЗ.

Годинава, заклучно со вчерашниот ден, регистрирани биле вкупно 1.669 заболени и 23 починати лица асоцирани со овој вирус.

Од појавата на првиот случај на Ковид-19 во Република Северна Македонија, на 26 февруари 2020 година, а заклучно со вчерашниот ден, пријавени биле вкупно 351.985 заболени со Ковид-19 и 10.002 починати лица асоцирани со него. Најголем дел од заболените биле регистрирани во Скопје, Битола и Куманово, а највисок морбидитет бил регистриран во Кавадарци. Највисок морталитет бил регистриран во Охрид, Кавадарци и во Прилеп. Највисок леталитет во Струга и во Крива Паланка.

- Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Во Прилеп приведено лице барано со потерница

На плоштадот „Методија Андонов Ченто" во Прилеп вчера во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп.

МВР денеска соопшти дека Н.Е. бил баран за издржување казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа  Затвор Битола.

Популарно