Слатко или мармалад од јагоди

Веќе е сезона на јагодите, а уште малку нивната цена ќе се снижи и тоа е погоден момент за вас да направите слатко или мармалад од нив, и да продолжите да уживате во нивниот вкус и за време на зимската сезона. Како да приготвите слатко или мармалад прочитајте подолу.

Слатко од јагоди

slatko-jagoda-slika-70610

Потребни состојки

1кг јагоди

1кг шеќер

1 лимонтус

1 лимон

Подготовка

Јагодите се мијат и се чистат од рачките. Во сад со 150мл. вода се раствара лимонтусот, земаме дел од јагодите и ги ставаме во течноста да постојат 10сек. и ги вадиме. Истото го повторуваме со сите јагоди. Добро исцедените јагоди ги полеваме со сок од еден лимон. Потоа во тенџере ставаме ред јагоди ред шеќер, се додека ги потрошиме. Го оставаме тенџерето да отстои преку ноќ. До сабајлето јагодите си пуштат сок и ги ставаме да се варат на јак оган. Ова слатко не се промешува, па затоа треба тенџерето да е доволно големо за да не може да претече. Откако ќе се свари (од 15 до 20 мин.) го тргаме слаткото од оган му ја тргаме пената, го покриваме со влажна крпа и го оставаме да стои 15мин. За тоа време јагодите пуштат вода и затоа после 15мин. го враќаме слаткото уште 5 мин. на јак оган. Го тргаме од оган му ја отстрануваме пената и го покриваме со влажна крпа и го оставаме да се излади, па потоа го собираме во тегли. Вака подготвеното слатко нема да се расипе.

Мармалад од јагоди

dzem-od-jagodi

Потребни состојки

3кг јагоди

1 кило и 200 грама шеќер

1 лимон

Подготовка

Јагодите се чистат од петелките и се мијат. Потоа се ставаат во поголемо тенџере ред јагоди, ред шеќер, да се заврши со шеќер. Пред да се стави последниот ред шеќер, се` се прелива со сокот од лимон. Тенџерето се покрива со капак и се остава во фрижидер 24 часа. За тоа време јагодите ќе пуштат сок, а шеќерот ќе биде делумно стопен.

Следниот ден се вари мармаладот. Ако сакате во мармаладот да има парчиња јагоди треба да го мешате дури се вари. Јас повеќе сакам кога е компактен, па затоа кога ќе се стопи шеќерот јагодите ги пасирам со рачен блендер. Ако не мешате или блендирате, ќе добиете слатко.

Мармаладот се вари околу 2 часа на среден оган. Јас вадам на чинивче и кога ќе се олади гледам дали е доволно густо. Внимавајте да не го преварите, но не чини и да е недоволно сварено.

На крај извадете ја пената и сипете го мармаладот во топли тегли. Наполнетите тегли завиткајте ги во ќебе и оставете ги така додека не се оладат.

Следниот ден теглите може да ги складирате на местото наменето за чување зимница.

Дали си свесен дека никој досега не го надмудрил животот?!

Дали си свесен дека никој не го надмудрил животот и дека секој добива точно онолку колку што заслужил иако понекогаш распределбата делува неправедна?

-Сакаш сериозна врска, но не сакаш брак.

-Сакаш брак, но не сакаш компромиси.

-Сакаш дете, но не сакаш обврски.

-Сакаш љубов, но да не те боли.

-Сакаш кариера, но не сакаш да се трудиш.

-Сакаш успех, но не сакаш откажување.

-Сакаш многу пари, но набрзина.

-Сакаш здравје, без дисциплина и самоконтрола.

-Сакаш стан, ама родителите да ти го купат.

-Сакаш да одиш на луксузно патување, но со малку пари.

-Сакаш да те сакаат, а ти да ги игнорираш.

-Сакаш да добиеш сѐ, ама ако може ти да не дадеш ништо.

-Сакаш да брзаш, а да не потрчаш.

-Да леташ, а да не рашириш крилја.

-Да сакаш, а да не крвариш.

-Да растеш, а да не се истегнеш.

-Да ризикуваш, но да играш на сигурно.

-Ти би сакал да го живееш животот, но животот да не те оштети тебе.

-Малку да се вложиш себеси, а да ти го даде најдоброто од себеси.

Ова ја уништува желбата за се..с

Познато е дека има многу храна што дејствуваат како афродизијаци тоа се : јагоди, чили, ѓумбир ...

Сепак, експертите откриле дека храната може негативно да влијае на страста и љубовта поради две причини. Првата причина е храната за зајакнување на хормоните што може да го намали либидото, а втората причина е што некои намирници се надувуваат и нè прават уморни. 

Дури и навидум најздравата храна понекогаш може да има неочекувани несакани ефекти. Додека овие дејства обично вклучуваат појава на многу заболувања или проблеми, многу од нив предизвикуваат штета на важен дел од вашиот живот што сакате да го зачувате, а тоа е сексуалниот живот. 

Значи, ако сакате сè да функционира во вашиот кревет, експертите ве советуваат да се откажете од храна како што се тофу, пеперминт, тоник, пуканки од микробранова  и чоколади што влијаат на смалување на вашето либидо.

Од друга страна, храна што нè прави уморни и, исто така, треба да се избегнува се зелка, сурова храна, овошје, млеко, масна храна и газирани пијалоци.

ФОТО: Славната манекенка заборави да облече долна облека

Наоми Кембел предизвика голем број на коментари и позитивни и негативни. Манекенката се потруди со стајлингот да ги засени сите присутни. 

Таа на црвениот тепих прошета на една хуманитарна модна ревија, покажувајќи ја својата совршено обликувана фигура во фустан со длабоко деколте.

Фустанот е скроен речиси цел во проѕирен материјал па така нејзините долги нозе беа во преден план. Малку подебела ткаенина ги сокриваше само нејзините интимни делови.

Наоми Кембел секси, згодна, прекрасна, фантастична…. Зарем не? Некој би рекол не и прилега на годините, но со вакво тело ние сосема сме на нејзина страна.

Погледнете ја: 

Популарно