Најпознатиот физичар на денешницата Стивен Хокинг изјави дека е атеист и дека науката има понудено далеку поубедливо објаснување за потеклото на универзумот, како и дека религиозните чуда не се компатибилни со научните факти.

„Пред да почнеме да ја разбираме науката, беше сосем природно да веруваме дека Господ го создал универзумот, но сега науката ни дава далеку поубедливо објаснување“, изјави физичарот за шпанскиот El Mundo, пренесува Huffington Post.
Коментарот на Хокинг бил одговор на новинарско прашање наменето за неговата религиозност.
„Тоа што сакав да го кажам кога реков „за да го знаеме умот на Бога“ се однесуваше на тоа дека би знаеле сè што знае Господ ако тој постои, но не постои. Јас сум атеист“.
Ова не е прв пат Хокинг отворено да зборува за своите верски убедувања. Во 2011 година изјави дека не верува во постоење на рај ниту во задгробен живот.