Една пчела предизвика вистинска паника во американска телевизија. Метеорологот Џенифер Кечмарк во живо на телевизија известувала за временската прогноза.

Кога пчелата ја „напданала“ камерата, гледачите можеле да видат како Кечмарк, која извејштајот го започнала со насмевка, полека почнала да го менува ликот. По вториот „напад“, Кечмарк побегала од кадарот, коментирајќи: „Ќе завршам на некоја социјална мрежа“. Нејзиното стравување се покажа како оправдано, бидејќи целиот настан набрзо се најде на интернет.