Еве зошто Сашко Коцев се вљубил во докторка

Сашко Коцев, во интервју за порталот за средношколци „Медиум“ се навраќа на своите средношколски денови и зборува за почетоците на својата кариера. Актерот себеси во средношколските денови се опишува како сонувач, со немирен дух, а и прилично отсутен.

sasko-kocev-2-1

- Со мислите накај театарот и едвај чекав да завршат часовите за да претрчам до театарот кој беше во близина за да гледам некоја проба и да се препуштам на тој имагинарен свет, во кој репликите од драмите се оживуваат на сцената и стануваат една реалност, прозвучуваат живо, кое што се вика ПРЕТСТАВА – вели Коцев.

На прашањето што би бил ако не бил актер, Коцев вели дека поради љубовта кон анатомијата, можеби би бил лекар.

- Ау, ова не сум го размислувал од петто одделение, кога и одлучив дека ќе бидам глумец. Ќе морам да се присетам. Мислам дека ќе бев лекар. Омилено нешто ми беше делот од биологија кој се вика анатомија. Да, дефинитовно лекар. Веројатно затоа се заљубив во докторка – се смее Коцев.

Целото интервју во „Медиум“.

Коментари

Популарно