Млекара Здравје Радово со предлог рецепти и вкусна зимница!

Урда со пиперки

Многу лесни за подготовка а одлични за зимница, Само исчистете ги пиперките од семки, убаво измијте ги, исцедете и оставете добро да се исушат. Целосно суви се полнат со високо квалитетната Урда Здравје во која по желба се додава црн пипер. Се редат во голема тегла, убаво прицврстени една до друга со отворот нагоре, се залеваат до врв со масло, целосно да се прекријат, Се затвораат со капак и се чуваат на ладно, обично во фрижидер. Одлично мезенце или прилог кон разна храна

proizvod 2

Гамби во павлака

Идеално мезе за секој зимски аперитив. Потребно е: гамби, солена вода и павлака Здравје

Подготовка: Пиперките измијте ги убаво и извадете им ги семките.Во еден подлабок сад ставете вода и убаво посолете ја. Ставете ги пиперките и поклопете го садот. Оставете ги да стојат во солената вода една недела. Потоа извадете ги од водата, убаво исцедете ги и почнете да ги полните со павлака Здравје.Наполнетите пиперки наредете ги во пластична кутија една до друга. Кога ќе наредите еден цел ред со пиперки, премачкајте ги одозгора убаво со павлака и почнете да го редите вториот ред со пиперки. Повторувајте ја истата постапка додека не ја наполните кутијата.На крај повторно премачкајте со павлака и затворете го садот. Оставете ги на топло место да стојат 2-3 дена. Од време на време отварајте го садот и истурете ја водата што ќе ја пуштат пиперките.По три дена пластичната кутија со готовите пиперки ставете ја во фрижидер и служете ги полнетите пиперки со павлака. Лапни голтни

Гамби во павлака

proizvod1

Поховани пиперки со Фетина

Пиперките ги печеме, лупиме и го чистиме внатрешниот дел внимателно.

Околу 250-300 гр Фетина сирењеод Здравје сечеме на 10 парчиња и ги полниме пиперките со по едно парче фета. Полнетите пиперки ги валкаме прво во брашно, па јајце па презла и ги пржиме во поголема количина на масло. Кој може да им одолее...

Коментари

Популарно