Кога болката во нозете може да значи опасност по животот?

Ретко кој од нас болката во нозете ја сфаќа сериозно. Повеќето луѓе мислат дека само болката во градите може да биде опасна за животот. Но болката во нозете, иако не е силна и не изгледа страшна, исто така, може да биде опасна за животот на луѓето.

28.7.bolki-noze

Проверете дали имате “темпирана бомба” во артериите или вените?

Имате ли грчеви во мускулите, додека се движите, кои се засилуваат со брзината на одење? Болката не поминува, додека не седнете, а никогаш не се појавува ако не се движите. Не ја игнорирајте, иако не е силна!

Блокирани крвни садови

Грчевите во нозете може да бидат јасен знак за кардиоваскуларни заболувања, воспаление и слабости во вените и артериите, кои предизвикуваат таложење на масни наслаги во внатрешноста на крвните садови. Болката во нозете може да биде знак дека артериите и вените се блокирани или ослабени. Ако проблемот се занемари, може да дојде до опасност за животот, срцев или мозочен удар, како и аневризма (артеријата станува слаба и отечена и може да пукна). Во некои случаи, болеста на артериите може да доведе до гангрена или ампутација.

Меѓу првите симптоми може да се појави болка при одење, често во мускулите, но може и во колковите или задникот. Одењето по удолнини или носење на товар може само да ја влоши состојбата. Ако сте во мирување, болката ќе исчезне за неколку минути. Ако болката се појавува само при движење, тоа е блокада и слабост на крвните садови во нозете. Болката се јавува бидејќи прстите на нозете не добиваат доволно крв.

Колку побрзо се консултирате со лекар и го проверите пулсот и притисокот во рацете и нозете, штетите ќе бидат помали. Прегледот може да ви го спаси животот. Кај многу пациенти, особено дебелите, едноставните вежби го намалуваат проблемот, бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата.

Коментари

Популарно