ФОТО: Јелена Розга на порно сајт

Грациозна, елегантна, префинета, сексипилна сегогаш со стил – тоа се атрибути кои ја опишуваат пеачката Јелена Розга. Никој не помислувал дека фотките на оваа дама можат да се најдат на сајт за возрасни

Неколку провокативни фотки се нашле на тој сајт и за кратко време станале многу популарни.

- Никој не очекувал дека нејзитите фотографии ќе се најдат на сајт за возрасни. Никогаш не би се сликала провокативно, особено за таков сајт, но ако еднаш тоа го направиш, тоа ео со стил и има цел. Работела за еден сериозем магазин а темата била зачувување на планетата, а на експлицитните делови од телото имала листови. Сајтот за возрасни не е нејзин стил, некој можеби сакал да и наштети" – вели близок извор на пеачката и додава:

- Кога ги видела фотките и кога сватила дека сите можат да ги видат, била многу бесна и веднаш сакала да дознае кој тоа ги поставил. Меѓутоа кога преспала и се смирила, сватила дека тоа ништо не е страшно и дека може само да и инпонира. Фотографиите се провокативни, и нема на нив ништо непристојно, па решила да не драматизира. Единствено што и сметало е што ја споредиле со Северина, и дека сама ги поставила фотките, бидејќи подолго време нема хит. Тоа воопшто не е вистина – открива изворот.

Кога не е на сцена, Јелена Розга негува кежуал стил. На својот Инстаграм објавува слики на кои носи фармерки, обични маици и многумина кои не ја познаваат ќе помислат дека не се занимава со јавна работа.

Последните години, Јелена Розга го променила стилот и почнала да се облекува малку провокативно. Сето тоа го прави со мерка и дозирано. Таа кокетира со својата публика и умее да ја разбуди маштата, но сето тоа е со стил и никогаш не ја поминува границата на добриот вкус.

Коментари

Популарно