Татко заедно со трите деца „паднале“ од тераса

Вчера во 18.22 часот  од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во СВР Скопје – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Е.К.(23) од Скопје и неговите три деца на возраст од шест, три и две години.

Екипа од МВР излегла на местото и било констатирано дека сите четворица се повредиле откако се срушила терасата на која седеле.

Кај тригодишното дете биле констатирани тешки телесни повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Коментари

Популарно