Комисијата за заразни болести препорача од утре задолжителни ПСР тестови за граѓаните од Србија, БиХ и Црна Гора при влез во земјава

Комисијата за заразни болести и препорача на Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена утрово на состанокот на кој се разгледувала актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Владата сега треба да се изјасни по препораката.

Претходно, како опција се споменуваше и затворање на северната граница.

Коментари

Популарно