На Фејсбук групата Грчка инфо која воедно е најголемата група на социјалната мрежа каде српските туристи редовно си ги споделуваат маките може да се примети дека најмногу се жалат од долгото чекање на граница.
![](/uploads/IMG_4684.jpg)
Со десетици фотографии тие посочуваат дека чекаат на граничните премини дури по 5 часа само за да ја поминат границата и да заминат во Грција.
Ваквото чекање не е невообичаена слика за овој период од годината со оглед дека Грција освен за нас атрактивна е и за српските туристи каде најкраткиот пат до нивната посакувана дестинација води низ Македонија.
![](/uploads/IMG_4685.jpg)
Она што дополнително им отежна на српските туристи е подолгото задржување на македонско-српската граница поради црвената тревога од страна на Србија за можни терористички напади.
Ова вчера предизвика колони на возила и камиони од речиси 5 километри на граничниот премин.
![](/uploads/IMG_4686.jpg)