(Фото) И по 5 часа чекаат да отидат на море, Србите се жалат дека многу долго време поминуваат на граница

На Фејсбук групата Грчка инфо која воедно е најголемата група на социјалната мрежа каде српските туристи редовно си ги споделуваат маките може да се примети дека најмногу се жалат од долгото чекање на граница.

Со десетици фотографии тие посочуваат дека чекаат на граничните премини дури по 5 часа само за да ја поминат границата и да заминат во Грција.

Ваквото чекање не е невообичаена слика за овој период од годината со оглед дека Грција освен за нас атрактивна е и за српските туристи каде најкраткиот пат до нивната посакувана дестинација води низ Македонија.

Она што дополнително им отежна на српските туристи е подолгото задржување на македонско-српската граница поради црвената тревога од страна на Србија за можни терористички напади.

Ова вчера предизвика колони на возила и камиони од речиси 5 километри на граничниот премин.

20.000 евра казна за сопственик на два папагали - Им ги пресекол крилата за да се сликаат со туристи на Халкидики

Два папагали од видот Макао со пресечени крила се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се сликаат со нив, а по спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени, јави дописничката на МИА од Атина.

Веста ја објави на социјалните мрежи групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, која посочи дека учествувале „во исклучително успешна операција заедно со грчката полиција од Касандра, шумската служба на Халкидики и општина Касандра“.

Објаснија дека по наредба на обвинител, „двата папагали Макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори беа одземени“, паралелно била поднесена тужба за пасивна злоупотреба и била изречена соодветна административна казна во висина од 20.000 евра.

Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит, коментираа од невладината група.

Се најавува големо невреме во Грција

Денеска и утре се очекува Грција да ја зафати силно невреме, кое ќе биде придружено со силен дожд, грмежи и град, соопшти Националната метеоролошка служба.

Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Грција.

Исто така, беше посочено дека најинтензивно невреме се очекува денес и дека невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион.

Температурата само малку ќе опадне и ќе се движи околу 30 степени. Западно-северозападен ветер со исклучителен интензитет се очекува на Јонското Море.

Невремето денеска ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција. Подрачјата што ќе бидат зафатени се: Тракија, Халкидик, Тесалија, Споради, Стерија, Пенелопез и Евија.

На наведените места се очекува драстичен пад на температурите.

Предупредување за невреме е издадено и во Атика и Беотија.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и да ги преземат сите заштитни мерки. Посебно предупредување има за областите во кои се очекуваат обилни врнежи, бури и силен ветер.

Од утре се очекува разведрување и враќање на реалните летни температури, кои се очекуваат за викендот.

И за денес се предвидува дожд, од утре стабилизација

Променливо облачно и посвежо во западните и јужните деловисо локален пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, а во Повардарието тој ќе биде засилен. Температурите ќе варираат и ќе достигнат од 24 до 31 степен.

Од петок следува период на сончево време со мала до умерена олокална облачност. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната седмица.

Популарно