Вистинска катастрофа: Речиси 40 отсто од високообразовниот кадар ја има напуштено државата

Според извештајот на ИОМ за 2020 година, Македонија се наоѓа во топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство, додека според проценките на Светската Банка, речиси 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државата, а според Индексот на одлив на мозоци на Global Economy, РСМ е на високото петто место (од 41 европска земја), што јасно покажува дека државата се соочува со голем губиток на таленти.

Податоците на ДЗС за образовната структура на лицата кои ја напуштиле државата покажуваат дека во периодот 2015-2022 година од земјата емигрирале вкупно 719 високообразовани лица, прикажано по години во графиконот.

 Според добиените податоци од меѓународните организации и земјите на прием, бројот на македонски граѓани коишто престојуваат во странство се зголемува со забележителна стапка. Оваа тенденција искажува сериозни предизвици за државата, вклучувајќи го одливот на високообразовни кадри и потенцијалните ефекти врз економијата и друштвото во целост

Во извештајот на ДЗС се вели дека недостатокот на активна стратегија за управување со високообразовни кадри во државата уште повеќе ја зголемува загриженоста. По истекувањето на периодот на важност на Националната Стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри од 2013 до 2020 година, државата нема стратешки документ за борба против одливот на квалификувани кадри.

Од ДЗС посочуваат дека од страна на Владата усвоена е Резолуција за миграциона политика, со посебна стратешка цел насочена кон намален интензитет на трајната емиграција во странство на лицата со високо ниво на образование, но за истата не е воспоставен мониторинг на имплементацијата на мерките и активностите, а воедно усвојувањето на нови стратешки документи се врши без претходно оценување и евалуација на резултатите.

Целиот извештај на ДЗС прочитајте го ТУКА.

Денеска е Светски ден на чоколадото

Денеска е Светски ден на чоколадото – денот кога слават сите видови на производи направени од чоколадо, вклучувајќи чоколадно млеко, топло чоколадо, бонбони од чоколадо, чоколадни барови и торти, колачи или било што прелиено со чоколадо.

Според Календарот на светски денови, девет од десет луѓе сакаат чоколада, додека околу 1 милијарда луѓе јадат чоколадо секој ден.

Чоколадото се добива од семето на тропското дрво Теоброма (Theobroma cacao). Какаото се одгледува најмалку три милениуми и расте во Мексико, Централна Америка и Северна Јужна Америка. Најраната позната документација за користење на семе од какао е од околу 1100 п.н.е., додека во Европа е донесено во 1550 година. 

Бидејќи семките од какао дрво имаат многу интензивен, горчлив вкус, тие мора да ферментираат за да го развијат вкусот. Откако ќе се ферментираат, преработувачите ги сушат, чистат и печеат зрната. По печењето, лушпата се отстранува за да се добијат грутки од какао, кои потоа минуваат низ процес на мелење создавајќи какао маса, која е чиста чоколада во груба форма. 

Покрај фактот дека чоколадото има толку добар вкус, има и некои здравствени придобивки од чоколадото. Чоколадото го зголемува нивото на серотонин и допамин, што помага да се зајакне расположението. Темното чоколадо исто така може да биде особено добро за вас. Темното чоколадо е моќен извор на антиоксиданси, плус помага да се подобри протокот на крв, да се намали крвниот притисок и да се намали ризикот од срцеви заболувања.

Во мај 2024 година, цената во малопродажба на какаото и чоколадото во прав во ЕУ била за 6,3% повисока отколку во мај 2023 година, покажуваат податоците на Евростат, според кои цена на какаото и чоколадото во прав, веќе е во пораст од почетокот на 2022 година со годишна стапка на инфлација од над десет проценти. 

Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024

Вчеравечер започна најдоброто фестивалско доживување со ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024. Како и сите претходни изданија, така и овогодинешниот фестивал е организиран во духот на добрата забава и традицијата, со одлична музичка агенда.

Првата фестивалска вечер ќе се памети долго, затоа што Кратово одново блесна во полн сјај и пречека илјада посетители, кои уживаа во секој миг и во секој отпеан стих од нашите најголеми музички ѕвезди.

Со многу насмевки, силни аплаузи и овации беа пречекани сите изведувачи, благодарение на нивната неверојатна енергија и одличните настапи. ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 започна со настапот на Кратовски тамбураши, а забавата продолжи со Трио Тајфа и Распеани кичевчани.  Со секој настап атмосферата стануваше сѐ подобра, а публиката побројна. Мераклиите од Мерак меана, односно Блага Петреска,  Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната,  Златко Миладиноски, Елена и Лазар Наумови, ги освоија срцата на посетителите и ги отпеаа најубавите македонски песни. Веднаш потоа настапија Brass Brothers кои направија вистински брасс огномет од тонови и музика, а вчерашното фестивалско патување заврши со енергичниот настап на Диџеј Жак кое всушност беше и дополнителна најава за денешниот втор ден од Фестивалот.

Нашата најголема водителска ѕвезда, Лила Филиповска со својата препознатлива аура и позитивна енергија допринесе за уште поголемо уживање во текот на целата концертна вечер.

Забавата продолжува и денеска, а Кратово очекува посетители во уште поголем број кои вечерва ќе создадат спомени што траат вечно, затоа што ова се ДЕНОВИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ – ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024.

Вечерва фестивалот ќе се отвори со настапот на локалниот рок бенд Б.А.Д, а атмосферата дополнително ќе ја загреат Ana & The Girls. Договорениот настап на Данијела Мартиновиќ ќе биде реализиран во друго време, од причина што хрватската ѕвезда не успеала да го доведе до крај и својот синоќешен настап и е хоспитализирана. Причина е силна настинка.

На Данијела и посакуваме што поскоро закрепнување, а забавата на Златни денови ќе продолжи уште посилно. Вечерва на сцената на Златни Денови ќе се појават

момците од Тропико Банд кои ќе обезбедат одлична забава и ќе приредат незаборавно фестивалско искуство за целата публика. ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 ќе заврши со Диџеј Жак и со настапот на еден од најактуелните и најпопуларни музички артисти Пајак.

И денеска е предвидена богата музичка програма, одлична постава на реномирани изведувачи и еуфорија.

ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 е неповторливо доживување кое не треба да го пропуштите, затоа вечерва бидете дел од првите редови на многубројната публика и препуштете се на најдоброто фестивалско доживување, за да создадете нови незаборавни моменти.

извор:sitel.com.mk

ВИДЕО: Му фрлиле воден балон, па го истепал: Познатиот актер направил хаос за 4. јули

Холивудскиот актер Дани Трехо (80), по потекло од Мексико, на 4 јули, на парадата за Денот на независноста на Америка, физички нападнал маж кој кон него фрлил со воден балон.

Ѕвездата на филмовите „Machete“ и „Spy Kids“ збесна на парадата за Денот на независноста во Лос Анџелес, каде што гостуваше.

Трехо се движел по патеката на парадата во кабриолет кога бил удрен од воден балон, што го натерало да излезе од возилото за да се соочи со човекот.

Очевидци раскажаа како некој фрлил воден балон кон Трехо за време на фотографирањето. На снимката потоа се гледа како тој оди до маж во толпата и го удира со тупаници. Човекот возвратил, поради што актерот се сопнал и паднал.

Набрзо избила поголема тепачка во толпата, при што Трехо грабнал столче на преклопување и го фрлил во хаосот. Очевидци за Фокс изјавиле  дека насекаде имало крв.

На видеото се гледа и како Трехо се расправа со жена која, се чини, се обидела да го задржи. Кога пристигнала полицијата, тепачката веќе била прекината. Никој не е приведен, пренесува Индипендент.

Трехо по инцидентот за TMZ изјави дека продавачот на водени балони бил кукавица кој се однесувал детски кога фрлил балон на неговиот автомобил. Тој рече и дека при тепачката нема повредени.

Популарно