Новите казни и правила во сообраќајот: 100 евра за валкано возило!

Најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои ќе стапат во сила на 7-ми октомври годинава, предвидуваат зголемени казни за одредени прекршоци. 

kal-gumi-kola

Измените предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите, таксистите. Со нив воедно, постојното законско решение се усогласува со Законот за прекршоци и со европската регулатива.

– Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. Доколку, пак, се вози 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци, информира портпаролот на МВР Иво Котевски, додавајќи дека во двата слуачаја паричните казни може да се заменат со впишување негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.

Ако се вози 10 до 30 километри на час побрзо од дозволеното, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час побрзо, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаи не е предвидена прекршочна санкција, односно забрана за управување со возилото.

Слични се санкциите, напомена Котевски, и за пречекорување на дозволената брзина на отворен пат. За возење 70 километри на час повеќе од дозволеното, казната е 400 евра или 65 негатиовни поени и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. За следните категории: побрзо движење за 50 до 70 километри на час, 30 до 50 километри на час и до 30 километри на час, казните се исти како претходно спомнатие за населено место.

Согласно законските измени, за деца до пет години возилото отсега ќе мора да има детско седиште позади. Деца до две години ќе може да се превезуваат на совозачкото седиште, исто така во детско седиште, но во овој случај детето би седело свртено со лицето кон задниот дел на автомобилот. Притоа, воздушното перниче треба да биде деактивирано.

Новина има и во делот на потпишувањето на Европскиот извештај. Наместо како досега, возачите најпрво да се тргнат од патот, а потоа да го поплнат Извештајот, сега ќе мора да постапат обратно – прво да го потпишат Извештајот, а потоа да се тргнат од патот.

Велосипедистите се должни да имаат бело светло од предната страна, катадиоптер со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна, како и по еден катадипоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Носењето шлем или рефлектирачки елек е препорачливо, но не и задолжително.

Со измените првпат се воведуваат и нови категории возачки дозволи: АМ – за велосипеди со помошен мотор, А2 – за мотоцикли до 35 киловати и Национална категорија Т – за трамвај.

Исто така, се воведуваат и Прекршочен платен налог, како и Мандатен платен налог. Првиот се употребува за казнување при сторен прекршок кој треба да се докажува, како што е минувањето на црвено светло, а вториот, за полесни, евидентни прекрошоци како возење со поголема брзина од дозволената или под дејство на алкохол.

Предвидена е и можност, лицата кои ќе бидат фатени да возат во алкохолизирана состојба, да бидат задржувани во полициска станица, наместо, како досега, по пишувањето казна, веднаш да бидат пуштени да продолжат со возилото.

На фирмите им се овозможува, ако немаат обезбедено дозвола за вонреден превоз, да платат казна на граничниот премин при излезот од државата за да не се враќаат назад. Глобите во ваков случај се многу високи и се пресметуваат зависно од повеќе параметри меѓу кои, број на вработени во фирмата, остварен годишен приход...

Со измените се опфатени и автошколите. За нив, како што беше објаснето на средбата со новинарите, се воведуваат повисоки стандарди. Авто-школите се должни да поседуваат аудио и видео снимки од спроведените обуки за возачки испит и овие материјали да ги чуваат најмалку 90 дена.

Зголемени се и глобите, од 25 на 100 евра, во случај некое возило да се вклучува во сообраќај од земјен пат, без претходно да биде измиено.

Се дефинираат забранетите места за запирање и паркирање – плоштад, пешачка зона и противпожарен пат, а се прецизира и каде точно може да застануваат таксистите за да соберат патник, но со максимално задржување од три минути. Такси возачите, исто така, според посебна одредба во законските измени, ќе може да користат мобилен телефон или друг уред за комуникација при возењето доколку со тоа не предизвикуваат какви било закани по безбедноста за сообраќајот.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот се изготвуваа цела година, согласно словенечкиот и хрватскиот модел.

Какаото го намалува крвниот притисок и го штити срцето

Следниот пат кога ќе посакате нешто слатко – земете темно чоколадо.

Научниците открија дека флаванолите – антиоксиданси кои се наоѓаат во какаото – можат да го намалат вашиот крвен притисок и да помогнат во зајакнувањето на вашето срце. Утврдено е дека тие го прават тоа така што ги одржуваат ѕидовите на крвните садови еластични, што овозможува крвта полесно да тече низ телото.

За жал оние со слатко, млечното чоколадо сè уште не се добра идеја и подобро е да ги прескокнете, бидејќи имаат многу шеќер и обично содржат само 25 проценти какао, додека темното чоколадо може да има и до 90 проценти.

Студијата на Универзитетот во Сари, всушност, покажа дека луѓето кои земале додатоци на какао имале понизок крвен притисок и повеќе проширени крвни садови во рок од три часа. Апчињата имале флаваноли колку, да речеме, околу половина килограм темно чоколадо, кое обично се продава во пакување од 100 грама.

– Позитивното влијание на какао флаванолите врз нашиот кардиоваскуларен систем е непобитно – објаснува водечкиот истражувач, професорот Кристијан Хајс, кардиолог.

На пример, според Daily Mail, околу една третина од луѓето во Велика Британија имаат висок крвен притисок, што ги става на поголем ризик од срцев и мозочен удар. Лиснат зеленчук, кромид, јаболка, бобинки, цреши, соја, па дури и црвено вино се исто така богати со антиоксиданси здрави за срцето.

Во најновата студија, 11 здрави возрасни лица конзумирале капсула какао или плацебо на наизменични денови речиси две недели додека го извршувале својот секојдневен живот. Учесниците носеа монитор за крвен притисок на раката и клип за прст што мери колку им се вкочанети артериите.

На крајот од студијата, беше откриено дека нивниот крвен притисок бил понизок, а нивните артерии порелаксирани во деновите кога земале флаваноли – дури и до осум часа подоцна. Што е најважно, суплементите не го намалуваа крвниот притисок во деновите кога веќе беше низок.

Професорот Хајс истакнува дека ова откритие може да биде пресвртница кога станува збор за употребата на лекови за одржување на крвниот притисок.

– Лекарите често се плашат дека некои апчиња за крвен притисок можат премногу да го намалат притисокот во текот на денот. Она што го откривме укажува дека флаванолите на какаото го намалуваат крвниот притисок само ако е покачен – изјави професорот Хеис и најави дека сега планира да ги тестира апчињата меѓу пациентите кај кои е дијагностициран висок крвен притисок.

(Видео) Драма на плажа во Црна Гора

Out… Вака почнува видеото снимено на една од плажите во Црна Гора.

На снимката се гледа поголема група Украинци која е избкрана од вработените на плажата поради тоа што со себе го носеле и вееле украинското знаме.

Погледнете:

Извор: Маркукуле.мк

Генијален трик што подобро ќе го исчисти стаклото од рерната од сода и оцет

Со овој трик, рерната ќе биде блескаво чиста без макотрпно триење.

Секоја домаќинка има свој докажан трик за чистење на рерната и отстранување на насобраните масни наслаги од подготовката на храната.

Сепак, што и да користите за оваа намена, мислиме дека ќе сакате да го испробате овој метод, за кој многумина тврдат дека е поефикасен од сода бикарбона и оцет или силни средства за одмастување и стругалки за жица.

Се што ви треба е таблета за миење садови или две и сад со топла вода. Користете само таблети кои не се гел.

– Потопете ја таблетата во вода и чувајте ја натопена доволно долго за да впие малку вода, но не премногу долго за да не почне да се распаѓа.

– Тогаш со едноставно со таблетата поминете по стаклото, не ви треба сунѓер.

– Користете ја дланката за да ја движите таблетата со кружни движења за да ги отстраните дамките и маснотиите.

– Ако таблетата почне да се суши, повторно натопете ја.

– Овој трик е одличен за чистење на стаклото на вратата од рерната, но ефикасен е и за металната рамка, само можеби ќе треба да притиснете повеќе.

Кога ќе завршите, користете влажна крпа за да ја избришете преостанатата таблета и да ја соберете нечистотијата.

Популарно