Гледањето порно филмови го уништува вистинскиот секс!

Ако некогаш сте помислиле дека гледањето порно филмови негативно влијае на сексуалниот живот во врска, не сте згрешиле. Со вас се сложуваат и експертите, сексолози на оваа тема.

Скоро сите експерти од различни области зборуваат за парови кои гледаат вакви филмови дека имаат проблеми во своите односи.

Обичниот секс поради ваквите филмови станува недоволно атрактивен дури и непосакуван! Мажите гледајќи ги порно филмовите имаат нереални очекувања од своите партнерки, што води до незадоволства во сексуалниот живот.

Исто така, се повеќе мажи се плашат да не ги исплашат своите партнерки од тоа што го виделе во порно филмовите, и од таа причина нема да го побараат истото од нивните партнерки, иако силно го посакуваат. Жените пак се чувствуваат несигурни, бидејќи не изгледаат како порно актерките. Но такво чувство се јавува и кај машкиот дел од популацијата, бидејќи не се сите мажи „димензионирани“ за порно актери.

-Порнографијата е како темпирана бомба за врската, ја уништува самодовербата кај жената и мажот, велат експертите.

Секс терапевтот Карен Роб-Лусини вели дека се повеќе млади луѓе учат за секс гледајќи порнографија која има катастрофални последици врз перцепцијата на нивните тела.

Вардар елиминаран од ракометниот куп

Купот на Македонија ќе добие нов владетел. Актуелниот првак Вардар 1961 во драматичен финиш загуби од Алкалоид (25-24) и така тимот на Кирил Лазаров ќе игра историско финале во второто натпреварување во нашата земја.

Дуелот меѓу двете екипи од Скопје беше крајно изедначен и драматичен. Вардар во последниот напад доби шанса од пенал да израмни и да гледаме пенали, но Галевски беше херојот на Алкалоид и го одбрани ударот на Срдановиќ.

Финалето од Купот на Македонија е закажано во недела од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Три симптоми кои укажуваат дека имате запушени артерии

Многумина имаат препреки во артериите уште во двесетите години. Причината е нездрав животен стил, пушење, масна храна, дебелина, недоволно движење...

Како резултат на тоа многу луѓе кои се соочуваат со овој здравствен проблем не се ни свесни што се случува, се додека не стане предоцна.

Ова се трите најчести симптоми кои ви ги покажува телото, а алудираат на запишени артерии со цел на време да ги испитате ризик факторите и да ја промените дневната рутина во корист на вашето здравје.

Непријатност во листовитем бутовите или колковите

Доколу чувствувате непријатност во текот на движењето во пределот на нозете тоа значи дека тие не добиваат доволно крв. Непријатноста во мускулите или грчевите се можни знаци.

Болка во градите

Намалувањето на протокот на крв во градите, стегање, тежина, притисок или чувство на пецкање во пределот на градите, исто така, може да бидат знаци за евентуално запишување на артериите. Овие нешта се јавуваат најчесто по физички или емоционален напор па така дел од лицата не ги приметуваат лесно овие симптоми. 

Губење на видот

Доколку ви се случи привремен прекин на видот или периодично губење на видот само на едното око треба да знаете дека нешто се случува со артериите.

Освен овие симптоми докторите предупредуваат да внимавате доколку страдате од замор, вртоглавица, студени раце или нозе, промена на бојата на кожата.

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот.

Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм.

Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. Многу ѝ се допаднал, и сè уште ѝ се допаѓа. Речиси 30 години подоцна, Тејлор се навраќа на филмот на Манчевски кога во истото кино ќе ја гледа премиерата на својот прв филм „Месечината е наопаку“ во кој е режисерка, сценаристка и актерка и кој како и „Пред дождот“ има три навидум неповрзани приказни.

„Филмот беше под влијание на многу нешта“, вели Тејлор. „Меѓу нив и филмот на Манчевски и неговиот заплет како Венов дијаграм“.

Во годината кога најнаградувано дело во историјата на македонската кинематографија и едно од најголемите достигнувања на македонската култура воопшто слави 30 години од премиерата во септември 1994, не престануваат одгласите за овој филм на Манчевски. 

Имено, во промотивното видео пред годинашното доделување на Оскарите, холивудската актерка Глен Клоуз го избра токму „Пред дождот“, кој во 1995 беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, како дело што ја инспирирало да посака да ја посети Македонија. ( https://www.youtube.com/watch?v=DHu90AY4GSI )

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара (земја) и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, вели во видеото Глен Клоуз која има рекордни 8 номинации за Оскар.

Во 1994, „Пред дожот“ освои Златен лав во Венеција на најстариот филмски фестивал во светот. Покрај Златниот лав, „Пред дождот“ доби уште триесетина награди на светските фестивали, а беше и првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм.

„Пред дождот ја стави Македонија на светската мапа. Дела како ова ме одржуваат. Потсетник за благородноста што филмот може да ја досегне“, напиша легендарниот филмски критичар Роџер Иберт за американската премиера на филмот во 1995.

„Македонија, љубов моја“, „Милчо Македонецот“, „Мајсторот од Македонија“, „Македонско ремек-дело“, се само дел од насловите за „Пред дождот“ во светските медиуми во тоа време, а јапонските весници цртаа и мапи за да покажат каде е Македонија, која стана независна земја само 3 години пред премиерата на овој филм.

„Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на „Њујорк тајмс“, а на фестивалот во Венеција една од паралелните награди беше именувана според мотот на филмот „Кругот не е тркалезен“. Во Фиренца се одржа меѓународна академска конференција посветена на филмот.

„Пред дождот“ е прикажан на над 100 фестивали, прикажан во редовна кино и тв-дистрибуција во над 50 земји на сите континенти. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со класиците Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. За филмот се објавени над 5.000 текстови на 50-на јазици во светските медиуми.

Во Кореја „Пред дождот“ се користеше во работни тетратки за изучување на англискиот јазик, а во САД и Полска за изучување на македонскиот. Во Италија постои и вино крстено според филмот „Пред дождот“ и ресторан со истото име.

„Пред дождот“ до ден денес уште игра во кинотечните и фестивалските програми насекаде низ светот.

Популарно