Против двајца сириски мигранти, на возраст од 19 години, австриското обвинителство подигнало обвинение поради бруталното убиство на Србинот Александар Марковиќ (30) сторено на 10. јуни во Салцбург.
Како што пишуваат австриските медиуми, двајца мигранти ќе бидат обвинети за убиство и кражба, со оглед на тоа дека обвинението против нив е предадено на судот во Салцбург на 14 ноември.
Австриските медиуми прв пат изнесуваат детали за злочинот низ искази од таа кобна кражба. Тинејџерите, кои се уапсени две седмици по напревениот злочин, на полицијата и обвинетелството изјавиле дека не им било намерата да го убијат Марковиќ туку само да го ограбат.
Сепак, еден од двајцата осмничени практично го признал убиоството, изјавувајки дека ја врзал и давел жртвата, но не верувал дека Србинот поради тоа малтретирање ќе почине. Неговиот пријател признал дека го ограбил станот во кој упаднале, но го негирал тепањето и давењето на жртвата.
Според наводите на обвинителот, двајцата мигранти го давеле Марковиќ, му ги врзале рацете и нозете, па потоа го ставиле во када. Со мачење пробале да го добијат пинот од неговата кредитна картичка, од која планирале да подигнат пари.
Малтретирањето, меѓутоа, било смртоносно за пејачот. Кога сфатиле што направиле, Сиријците со детергент и шампон пробале да ги скријат трагите и отпечатоците. Потоа темелно го петресле станот и од него ги однеле вредните предмети.
Според австрискиот кривичен закон, казната за убиство варира од 10 години до доживотен затвор, во зависност од околностите од случајот. Во овој случај, судот ќе ги земе во обзир и годините на убиецот, поради што казната може да биде поблага.
По излегувањето од станот, соседите на Марковиќ ги виделе Сиријците. Невниманието на криминалците го покажува и фактот дека истаржителите кои работеле на увидот на лице место пронашле привремена исправа на еден од мигрантите. Тој потоа бил уапсен во Германија и тоа во облеката на својата жртва, а кај него е пронајден и контакт со другиот мигрант, кој исто така бил набрзо уапсен.