(ВИДЕО) Албеу: Грчките свештеници на протестите: „Македонија е Грција“

Околу 60 свештеници на светата Митрополија на Аегиалис излегоа на улиците во средата за да ја искажат својата голема загриженост за името на Македонија.

Свештениците излегле на протести во југозападниот град Аигио, држејќи транспаренти на кои пишуваше “Македонија е Грција” и маршираа на главната улица во Аигио, пренесува albeu.com

Во истото време, камбаните на Светатите Цркви биле чувани од поповите, сакајќи да истакнат “не” од Црквата за употребата на терминот “Македонија”.

Но, тие не застанаа само на ова, тие излегоа и на автопатите, каде што им делеле брошури на возачите канејќи ги нив на протести.

Белгија е првата земја во ЕУ која ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците

За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави порталот Фокус на Белгија.

Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.

Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.

Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.

Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.

Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сектор, но пробниот лет е чекор во вистинската насока, објави порталот.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Патникот имал билет, екипажот ги прекршил правилата

36-годишниот Андонис Кариотис, загина синоќа во бизарна несреќа кога членовите на екипажот на траектот „Блу хоризонт“ го турнаа во морето во Пиреја. Неговиот брат Никос Кариотис во реакцијата што ја пренесуваат грчките медиуми, изрази шокираност и не може да поверува дека Антонис исчезнал за неколку секунди на патувањето на кое често одел.

Тој за весникот Прототема открива дека неговиот брат извадил билет за кобното патување, но задоцнил при пристигнувањето на пристаништето.

-Не би одел без билет. Имаше билет и доцнеше. Како што разбрав, задоцнил на пристаништето и не го пуштале на траектот. Замина на одмор во Атина. Често патуваше, со години одеше на прошетка во Атина да се ​​види со пријателите. Секогаш имаше пари за билет. Тој работеше овде, на Агиос Николаос – вели братот на 36-годишниот патник што загина синоќа.

Според првичните информации, мажот имал билет за траектот што патувал од Атина за Ираклион на Крит, но задоцнил и усеал да се качи во последен момент кога траектот го напуштал пристаништето, но тогаш бил брутално турнат од луѓето од екипажот во морето од акде подоцна е изваден мртов.

Инцидентот на траектот во Атина бил снимен од еден од патниците. На видеото се гледа како 36-годишниот маж се обидува да се качи на бродот и успева да скокне на рампата непосредно пред поаѓањето на траектот по што влегува во физичка пресметка со двајца мажи од екипажот и паѓа во морето во моментот кога траектот веќе го напушта пристаништето.

Четворица членови на екипажот се уапсени и обвинети за убиство од небрежност, а денеска ќе бидат сослушани во Обвинителството.

Според грчките медиуми, бродот се вратил назад дури кога еден од патниците, кој го снимил инцидентот, го известил персоналот на траектот, но никој не реагирал кога човекот паднал во морето.

-По трагичниот настан, не се преземени никакви планирани дејства за спасување на лицето што падна во морето. Во никој случај не фрлајте човек во морето кога ќе се качи на бродот, дури и да е бегалец. Одговорноста е целосно кај луѓето што биле на рампата, кои очигледно го турнале. Кога го виделе во морето, не ги почитувале пропишаните процедури за негово спасување. На брод што веќе плови никого не туркате назад и, дефинитивно, го известувате капетанот да го прекине процесот на пловење. Имаме процедура, вели во изјава за грчките медиуми, искусниот капетан Сидерис Мамидис.

Популарно