Паднаа двајца инспектори на МВР

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Според информациите на МВР, пријава е поднесена против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368-а од Кривичниот законик.

Првопријавениот, кој бил задолжен да постапува по предмет во кој две лица биле лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215, му овозможил на второпријавениот, кој не бил работно ангажиран и е родител на едно од лицата лишени од слобода, да има целосен увид во службената документација, да располага и да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода, да дава насоки при постапувањето и да биде присутен и да учествува во разговорот со лицата лишени од слобода.

Исто така, овозможил привремено одземениот мобилен телефон од едно од лицата лишени од слобода, кај кого била пронајдена поголема количина на дрога, да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.

Втoропријавениот, иако не бил работно ангажиран, активно се вклучил во преземање на службените дејствија во предметот во кој неговиот син бил лишен од слобода, при што му било овозможено да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Џ.Н. и О.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место. 

Мицкоски: Да се излезе масовно на избори

Граѓаните да излезат масовно на локалните избори, за да влеземе што поскоро во град Скопје и да ги решаваме работите, порача денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања. 

– Да влеземе прво во град Скопје. Од оние информации што ги имаме добиено, а се аларматни, таму има многу работи што треба да се решат, пред се, должничко-доверителни односи. Затоа ги замолувам граѓаните да излезат масовно на 19 октомври, Орце Ѓоргиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што поскоро да влеземе во администрацијата и да ги надминеме сите предизвици со кои ќе се соочиме, рече Мицкоски, на новинарко прашање.  

Според Мицкоски, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во скопскиот регион на денешената средба во Стопанска комора на северо-западна Македонија  имале искрена и плодна дебата која се темелела на реални и конкретни примери кои треба да се завршат. 

Приоритет, најави, ќе биде завршување на патната клучка кај Момин Поток и патот кон Индустриската зона. 

– Со право реагираат стопанствениците во овој дел на градот Скопје, бидејќи гледате во каква состојба е пристапот во оваа зона, се уште клучката до Момин поток е до никаде, а учеството на оваа зона во БДП е значително. Тоа ќе ни биде еден од врвните приротети, завршување на клучката и реконструкција на патот до зоната. Исто така, во текот на овој месец очекуваме конечно да се заврши сагата за автопатот Скопје-Блаце и конечно очекуваме да добиеме понуда во рамките на планираните средства што се за таа намена, изјави Мицкоски.   

Ги запознал претставниците на Комората со макроеркономската состојба и што е испорачано од разговараното пред изборите во минатата година, како и очекувањата за наредниот период. 

Нихи Алиу, в.д. претседател на Стопанска комора на северо-западна Македонија посочи дека ги презентирале  нивните проблеми и предлози, како и платформата на Комората. Тој рече дека видел сериозност во пристапот на тимот на Мицкоски од 15-те присутни градоначалници на средбата, а напомена и дека голем дел од нивните укажувања во претходниот период станале дел од изборната програма на партијата.

– Имаше разни предлози, но имаше и одговор за решение на нашите предлози од кандидатите за градоначалници, меѓу кои и кандидатот за Скопје. Се вклучуваше и премиерот кој ни даде многу детални информации за макроекономската состојба.  Како Стопанска комора сме многу задоволни  за начинот како оваа екипа ги гледа проблемите и како сака да ги реши со конкретни одговори, изјави Алиу.

Тој оцени дека главните пробеми се во однос на комуналните и јавните претпријатија во рамки на Град Скопје кои, истакна, не функционираат како што треба.

– Исто така и за Индустриската зона Визбегово, каде патот е за никаде – за една инсустриска зона со сто милиони обрт годишно, над 8 илјади вработени и која учествува во БДП со 7,5 проценти. Оваа зона заслужува да има подобар пат и од кандидатот за градоначалник добивме уверување дека тоа ќе биде приоритет, рече Алиу.

Тинејџер влечел за коса 17-годишно девојче, па намерно ја прегазил со кола

Сообраќајната несреќа во која е повредена девојката Н. С. (17) се случила вчера на улицата „Браќе Срниќ“ во Белград. Се сомнева дека нејзиниот познаник М. Т. (18) налетал на неа со автомобил.

Двајцата тинејџери се сретнале на улицата, по што избувнала расправија, по што следело физичко насилство.

Во еден момент, М.Т. наводно физички ја нападнал тинејџерката, ја влечел за коса, а потоа влегол во својата „Киа“, во која се возеле уште две неидентификувани лица.

Додека несреќната девојка одела по тротоарот, тој е осомничен дека намерно го насочил своето возило кон неа и ја удрил.

Сообраќајната несреќа се случила на тролејбус.

Н. С. била однесена во Ургентниот центар каде што ѝ биле констатирани полесни повреди.

Случајот е пријавен во полиција, а за сè е известено и Првото основно јавно обвинителство во Белград, кое спроведува истрага и ги утврдува сите околности на овој инцидент.

Популарно