Вардар елиминаран од ракометниот куп

Купот на Македонија ќе добие нов владетел. Актуелниот првак Вардар 1961 во драматичен финиш загуби од Алкалоид (25-24) и така тимот на Кирил Лазаров ќе игра историско финале во второто натпреварување во нашата земја.

Дуелот меѓу двете екипи од Скопје беше крајно изедначен и драматичен. Вардар во последниот напад доби шанса од пенал да израмни и да гледаме пенали, но Галевски беше херојот на Алкалоид и го одбрани ударот на Срдановиќ.

Финалето од Купот на Македонија е закажано во недела од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Бен Афлек и Џенифер Лопез се разведуваат?

Популарната двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез која се венчаше пред само две години наводно се разведува.

Актерот веќе се иселил од заедничката куќа која неодамна ја купиле,  пренесуваат американските медиуми.

Според написите во американските портали, еден од проблемите е различниот пристап и начинот на кој се справуваат со славата. Лопез го привлече медиумското внимание, додека Бен се оддалечи од тоа.

Џен и Бен во последно време поминуваат многу време разделени. Исто така, актерот не присуствуваше на Мет Гала со неговата сопруга Лопез и покрај нејзината улога на водителка на настанот.

Популарната двојка првпат почна да се забавува на почетокот на 2000-тите, а само неколку дена пред да се венчаат – се беше откажано.

Тие останаа заедно до јануари 2004 година, кога следеше конечниот крај. На помирување чекаа речиси 20 години, па тоа го направија во 2021 година, а конечно се венчаа во јуни 2022 година.

(Фото) Влатко Ѓорчев и сопругата Сузана прославуваат 15 години брак

Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев и сопругата Сузана денеска прославуваат 15 години брак.

На социјалните мрежи тој објави фотографија од нивната свадба и семејна слика со нивните деца.

-15 години брак. Те сакам, напиша Ѓорчев кој со сопругата Сузана се горди родители на четирите деца, Марта, Филип, Никола и Катерина.

Во интервју дадено пред неколку години, Ѓорчев признава дека неговата сопруга го освоила од „прва“. Според него нема ништо поубаво кога имаш покрај себе некој што ќе биде твоја сродна душа, свидетел на твоите среќни и тажни моменти.

Затоа, бракот е вистинска одлука, а семејството и децата најголемата вредност, смета Ѓорчев.

Во домот никогаш не им е досадно, бидејќи постојано имаат активности. Но, она во што најмногу уживаат се семејните прегратки, емоциите и заедничките авантури.

Популарно