ФОТО: Вака денеска изгледа жената на која Чорба и посвети 3 песни

Можеби најславниот рокер од СФРЈ, Бора Ѓорѓевиќ има отпеано многу песни, но три од нив и посветил на Биљана Невајда Шевиќ, една од најпознатите југословенски манекенки од седумдесетите години на минатиот век. Хитовите „Остани ѓубре до краја“ и „Два динара друже“, Бора ги напишал откако ја прекинал врската со Биљана. Години подоцна песната „Последња песма о теби“ повторно ги спои Биљана и Чорба.

5EA1338923ED5F49BBB6A4BBBF1C12AB

Кога требало да отпатува во Сараево и започне нов живот, нејзиното тогаш веќе поранешно момче Бора Ѓорѓевиќ ја повикал за да се простат.

biljana-nevajda-sevic01rasfoto-oliver-bunic2

„Док стојим за шанком делимично пијан, мрзеќи по мало и себе и друге…“ ја опишува состојбата во која се наоѓал Бора додека ја чекал Биљана во кафеаната „Под липом“ во Белград. На состанокот во еден здив и ги изрецитирал стиховите на песната, а како што изјавила Биљана три децении подоцна за српските медиум „она ѓубре и ѕвонело во ушите“. Сепак не им давала голема важност на зборовите на рокерот бидејќи во тоа време го одбрала и човекот на нејзиниот живот. По нивната разделба, со солзи во очите и разочаран, Боро истрчал во тоалетот каде на излегување вработената му кажала „два динара друже“. Истата вечер бил создаден и хитот кој ја опишува состојбата на Бора по заминувањето на Биљана:

„ Седео сам тако за нашим столом, све што иоле вреди пало је у воду“…

1061724-39

Триесетина години по нивната последна средба Боро добил можност по концертот на „Рибља Чорба“ во „Сава центар“ во Белград уште еднаш да се сретне со Биљана. Штом ја здогледал Боро извадил парче хартија да и ја изрецитира песната „Последња песма о теби“. Биљана не останала рамнодушна и кога ги слушнала стиховите „после тебе потоп, ништа није вредно“ станала свесна за тоа колку многу Бора бил вљубен во неа.

Bora-Corba-i-Biljana-Nevajda-650x439

(Фото) Популарната турска актерка излезе непрепознатлива

Нургул Јесилчај направи радикална промена со својот изглед, Една од најголемите sвезди на турската кинематографија, препознатлива по улогите во сериите, ја промени бојата на косата и стана русокоса.

Пред една недела, 45-годишната актерка беше забележана од папараците на излегување од фризерски салон во истанбулската област Бебек. Откако помина повеќе од 6 часа во него, Нургул излезе непрепознатлива и поинаква.

Во меѓувреме, се дозна дека Нургул Јесилкај ја смени бојата на косата за нејзиното претстојно учество во нов проект. Сепак, таа не даде детали за новата серија.

Инаку моментално, актерката од “Љубов и казна”, “Бунтовничка”, “Парампарче”, “Ѓулпери”, “Конакот на агата” и “Султана” е актуелна по главната улога во потресната драма “Надеж”

ФОТО: Погледнете што и порача Сека по секс скандалот на Дара Бубамара

Откако после објавеното експлицитно видео на Дара Бубамара се огласи Сека Алексиќ, експресно возврати и првата.

Имено, Сека не ја прозва директно својата колешка, но се претпоставува дека пораката била наменета токму за нејзе.

-Поединци да се изгаснат од социјалните мрежи, напиша Сека.

Меѓутоа, реакцијата на Бубамара била многу пожестока. Таа исто така коментарот не го насочи директно кон Сека Алексиќ, но се верува дека пораката се однесувала токму за нејзе.

-Дебела, дудлај го тој клип и ќути, напиша Дара БУбамара.

ФОТО: Погледнете како изгледа денес познатата актерка Јагодинка од „Лажливо лето 68“

Познатата Јагодинка Симоновиќ која сними неколку култни сцени во филмот „Варњиво лето 68“ имала само 27 години.

Осум години подоцна бега од Србија, а пред пет години повторно се вратила.

Сега е професорка на Факултет за драмска уметност, филмски смер, а еве како изгледа денесска Драгана Врагиќ, неколку децении после снимање на филмот.

Популарно