Пилотот Митре отишол да ја вери, манекенката Орешкова побегнала со манекенот Кристијан

Познатата македонска манекенка Цеце Орешкова од Кавадаречкото село Тимјаник минатата година се запозна со пилотот Митре Крајовски од Прилеп кој подолги години работи за авионска компанија од Сингапур. Таа како што пишувавме извесно време му беше и гостинка во неговиот дом таму.и мегу нив се развила љубов.

 

10748802_296076320602487_1841662194_n-359x540

Работата дошла и до разговори за брак.Наводно Митре и подарил и скап прстен Шанел и ја побарал за жена. И до тој момент се било во ред. Цеце се вратила како што велат нивни заеднички пријатели да подготви свршувачка, а Митре да дојде подоцна и да ја побара нејзината рака од родителите на манекенката.

10735830_296076283935824_1861365121_n-405x540

Согласно договорот Митре,стасал во Македонија и се упатил во село Тимјаник, кај родителите на Цеце за да ја вери. И тука наводно доживеал шок. Родителите на Цеце му рекле дека тие појма немаат ни за веридба, а и незнале каде е Цеце. Митре велат изворите збеснел и сватил дека го изиграла.

Цеце кога се врати во Македонија се фати со нејзиниот колега манекенот Кристијан и почнале заедно да живеат,тврдат нејзини пријателки.

И тука не завршило, Пилотот го барал скапиот прстен што и го дал и едвај успеал да ја убеди да му го врати. Цеце после овие перипетии како што тврдат нејзини блиски се верила,ама со манекенот Кристијан,не со пилотот Митре.

Четири комбинации на намирници кои прават проблеми во организмот

Јадењето правилна храна, односно здрава храна е предуслов за добро здравје.

Ако генерално се грижите за исхраната, за храната што ја јадете, за начинот на кој ја подготвувате храната и за нутритивното богатство, понекогаш можете да си дозволите нешто помалку здраво, како парче пица или плескавица, без никакви последици.

Сепак, некои намирници кои сами по себе се здрави не одат добро во комбинација со други намирници кои се исто така хранливо богати и корисни.

1. Сланина и јајца

Повеќето луѓе сакаат да јадат сланина и јајца за појадок, но не се целосно свесни дека оваа комбинација не е особено добра. Бидејќи и јајцата и сланината се богати со протеини, како независни суплементи се добри за луѓето, но во комбинација можат да предизвикаат разни дигестивни проблеми.

Кога јадете 2 намирници со висока содржина на протеини одеднаш, на телото ќе му треба повеќе време да ја свари храната, бидејќи протеините најтешко се разградуваат. Покрај тоа, и јајцата и сланината се богати со заситени масти.

Место сланина, некои зеленчуци, како домати или авокадо, се многу поздрави и подобри избори.

2. Јогурт и овошје

Овошјето е најздраво кога се јаде самостојно. Кога се меша со друга храна како јогурт, може да предизвика чувство на тежина во стомакот, па затоа овошниот јогурт не е најдоброто решение за појадок.

Наместо овошје, во јогуртот можете да додадете малку цимет, кој има многу придобивки за вашето срце.

3. Вода и храна

Многумина имаат навика да пијат чаша вода со оброк, но тоа не е особено препорачливо. Прво, може да ја намали количината на плунка што ја произведуваат жлездите, што е многу важно кога станува збор за дигестивниот процес. Покрај тоа, оваа комбинација може да го зголеми и нивото на инсулин во вашето тело.

4. Плескавица со помфрит

И двете од овие намирници се прилично нездрави, но доколку не претерате, нема да има некои поголеми проблеми. Сепак, оваа вообичаена, омилена комбинација за многу луѓе е многу лоша.

Нутриционистите дури велат дека е многу поздраво да нарачате 2 колачиња наместо помфрит.

Брз тест кој открива дали вашиот мозок е здрав

Истражувањето било спроведено на повеќе од 1.300 луѓе.

Јапонците смислиле едноставен тест во кој стоењето на една нога 20 секунди може да укаже на когнитивни проблеми, но и на ризик од мозочен удар.

Стоењето на едната нога може да изгледа како детска игра, но може да открие многу за здравјето на една личност, според студијата на Универзитетот во Токио на повеќе од 1.300 луѓе.

Според неа, луѓето кои не можат лесно да одржат рамнотежа додека стојат на едната нога со отворени очи 20 до 30 секунди имаат намалени когнитивни функции.

Ова само по себе не е проблем, но понатамошните истражувања открија дека борбата за одржување рамнотежа, исто така, носи поголем ризик од мозочен удар порано во животот, бидејќи може да резултира од болести на малите крвни садови и повторливи хеморагии или мали крварења во мозокот.

– Стоењето на едната нога е едноставен начин за мерење на рамнотежата и стабилноста на телото, односно нестабилност која може да биде последица на абнормалности на мозокот – изјави водачот на студијата, Јашуру Табара.

Намирници кои успешно го намалуваат високиот крвен притисок

Хипертензијата или високиот крвен притисок е најчестиот ризик фактор за срцеви заболувања кој може да се спречи.

Лековите често се користат за намалување на крвниот притисок, меѓутоа, промените во начинот на живот, вклучително и модификациите на исхраната, можат да помогнат во овој процес и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Здравата исхрана е неопходна за намалување на крвниот притисок и одржување на оптималното ниво, а истражувањата покажуваат дека одредени видови храна, особено оние со висока содржина на одредени хранливи материи како што се калиум и магнезиум, го намалуваат нивото на крвниот притисок.

Во продолжение ви откриваме кои 8 намирници можат да ви помогнат да го намалите крвниот притисок на природен начин:

Цитруси

Цитрусното овошје, вклучувајќи грејпфрут, портокали и лимони, може да има моќни ефекти врз намалувањето на крвниот притисок. Тие се преполни со витамини, минерали и растителни соединенија кои можат да помогнат во одржувањето на здравјето на срцето, намалувајќи ги факторите на ризик од срцеви заболувања, како што е хипертензијата.

Лосос и други масни риби

Масната риба е одличен извор на омега-3 масти кои имаат важни придобивки за здравјето на срцето. Овие масти можат да помогнат во намалување на нивото на крвниот притисок со намалување на воспаленијата и нивото на соединенија кои ги стеснуваат крвните садови наречени оксилипини. Истражувањата го поврзуваат зголемениот внес на масна риба богата со омега-3 со намалување на нивото на крвниот притисок.

Семки од тиква

Семките од тиква се хранливо богатство. Тие се концентриран извор на хранливи материи важни за контрола на крвниот притисок, вклучувајќи магнезиум, калиум и аргинин.

Бобинки

Бобинките се поврзани со различни импресивни здравствени придобивки, вклучувајќи ја и нивната способност да ги намалат факторите на ризик за срцеви заболувања. Бобинките се богат извор на антиоксиданти, вклучувајќи антоцијанини, пигменти кои ја даваат црвената боја на бобинките. Утврдено е дека антоцијанините го зголемуваат нивото на азотен оксид во крвта и го намалуваат производството на молекули кои ги стеснуваат крвните садови, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Капините, малините и јагодите се само некои од бобинките кои се поврзани со ефектите на намалување на крвниот притисок.

Ф’стаци

Ф’стаците се многу вкусни и здрави. Тие содржат голем број хранливи материи неопходни за здравјето на срцето и регулација на крвниот притисок, вклучувајќи го и калиумот.

Моркови

Крцкави, слатки и хранливи, морковите се основен зеленчук во исхраната на многу луѓе. Морковите се богати со фенолни соединенија, како што се хлорогенската, п-кумаринската и кофеинската киселина кои помагаат во опуштање на крвните садови и намалување на воспаленијата, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок.

Јогурт

Јогуртот е млечен производ богат со хранливи состојки кој е преполн со минерали кои помагаат во регулирање на крвниот притисок, вклучувајќи калиум и калциум.

Целер

Целерот е популарен зеленчук кој содржи соединенија наречени фталиди, кои можат да помогнат во опуштање на крвните садови и намалување на високиот крвен притисок.

Популарно