Ако сте се прашувале како на некои жени за време на сексот секогаш им успева да доживеат оргазам, ние ви го нудиме одговорот кој можете да го примените и вие во пракса.
За многу жени доживувањето на оргазам за време на сексот е невозможна мисија. Сепак, постојат дами кои немаат никаков проблем од тој вид и секогаш успеваат да доживеат оргазам. Еве што е заедничко за сите нив.
Мастурбација
Жените кои редовно се самозадоволуваат со тек на време стануваат вистински експерти во познавањето на своето тело. Многу добро знаат кои точки се „копчиња“ за добро чувство. Тие знаат кој притисок, темпо и поза најдобро им одговараат и дали сакаат директен или индиректен допир на најчувствителниот дел – клиторисот. Кога знаете што ве возбудува, вашиот партнер тоа може дополнително да го засили и да ве доведе до експлозивен оргазам.
Точка К и точка Г
За многу жени е потребна стимулација на точката К (клиторисот) за да доживеат оргазам. Имено, многу малку жени доживуваат оргазам само со стимулација на Г точката и пенетрација. Овие жени знаат како на партнерот да му дадат точни упатства на кој начин и како најмногу им се допаѓа стимулацијата за полесно да дојдат до оргазам.
Предиграта е важен почеток на сексот
Предиграта е добра бидејќи го зголемува нивото на возбудување, овозможува целосно опуштање и сексуално искуство кое доведува до оргазам. Жените кои редовно доживуваат оргазам се држат до правилото дека предиграта е многу важен сегмент и никогаш не пропуштаат прво добро да се подготват во овој дел. Повеќето од нив велат дека уживаат во предиграта која трае околу 20 минути. Постепеното зголемување на возбудата, бакнежите и допирите, сето тоа води кон одлично сексуално искуство со завржување кое го заокружува големо О. Нивната сексуалност никогаш не е доведена до прашање.
Искрено кажуваат што и како сакаат
Овие жени немаат предрасуди, нив никогаш не им претставува проблем на партнерот јасно и конкретно да му кажат што ги привлекува, што ги „пали“ и како сакаат да бидат задоволени.
Максимално се опуштени
Дамите кои можат да се пофалат дека редовно доживуваат оргазам, ретко кога се согласуваат на секс „на брзина“. Тие не мора да го „ловат“ оргазмот, знаат како се доаѓа до него и ги следат своите инсинкти. Притоа, овие жени не се оптоваруваат со крајниот исход и не се под притисок дека мора да доживеат оргазам. Токму поради таа опуштеност и препуштање на сексуалното задоволство, доаѓаат до експлозивен оргазам.