Продавала готварска сол како кристал мет

Жена од Пенсилванија долго време на нејзините муштерии им продавала готварска сол наместо кристал мет, се до моментот додека еден бесен муштерија не и затропал на вратата. Уплашената жена, која измамените зависниците сакале да ја тепаат, повикала полиција.

- Луѓето кои конзумираат кристал мет знаат како тој изгледа, не можам да верувам дека купувале сол, рече полицаецот.

Надевајќи се дека солта која е купена за неколку долари може да го замени метамфетаминот, кој чини неколку стотици, жената не била подготвена да им ги врати парите на измамените муштерии.

Кога полицијата упаднала во нејзиот стан, ја пронашле како со тинејџери пуши марихуана.

- Не можам ни да замислам што и поминало на оваа жена низ главата кога помислила дека може да продава готварска сол наместо мет. Таа нема мозок ни малку, рече зачудениот полицаец.

Коментари

Популарно