Вистинскиот, "чист" психопат би имал 40 поени, а секој кој има 30 или повеќе, според мерилото на професорот ги "исполнува условите" за дијагноза.

Иако најчесто психопатите ги замислуваме како убијци и изроди кои припаѓаат на некој сосема друг свет, научникот кој го посветил целиот живот на проучување на оваа тематика тврди дека дури и вашиот колега, пријател па дури и сопруг би можел да биде еден од нив!
Криминалистичкиот психолог Роберт Хер професор на Универзитетот Британска Колумбија е креаторот на PCL-R тест методата која се користи да се утврди дали некој е психопат и тврди дека овие луѓе не се способни за каење и сочувство и дека нивните чувства се површни.
Неговиот тест е едноставен. Станува збор за 20 критериуми, од кои секој носи по 0 поени (доколку не се однесува на лицето кое се тестира), 1 поен (ако делумно се однесува) и 2 (ако целосно се однесува на испитаникот).
А еве ги критериумите, кои очигледно не се во мал број:
1. Елоквентност и површен шарм
2. Огромна самодоверба
3. Патолошко лажење
4. Итрина и манипулативност
5. Недостаток на каење
6. Емоционална површност
7. Бесчувствителност
8. Недостаток на подготвеноста да се преземе одговорноста за сопствените постапки
9. Често чувство на досадување
10. Паразитски начин на живот и недостаток на реални долгорочни цели
11. Импулсивност
12. Неодговорно однесување
13. Неможност да се контролира сам себе
14. Упадливо однесување уште во рана младост
15. Малолетнички криминал
16. Различни кривични дела
17. Кршење на условата пресуда
18. Повеќе бракови/врски
19. Недостаток на сочувство
20. Промискуитетно сексуално однесување
Вистинскиот, “чист” психопат би имал 40 поени, а секој кој има 30 или повеќе, според мерилото на професорот ги “исполнува условите” за дијагноза.
Роберт Хер и неговиот колега Пол Бабијак напишале книга под наслов: “Змии во костуми. Кога психопатите одат на работа”.
Тие анализирале 203 претприемачи и установиле дека четири проценти од испитаниците имаат прилично голем број поени на PCL-R тестот. Ова јасно покажува дека недостатокот на морални скрупули и незаинтересираноста на страдањата на другите “може да биде корисно” доколку сакате бескруполозно да напредувате во бизнисот.