Холивудската актерка убиена со отров за глувци

7b28f_brittany_murphy_hairstyles_brittany-murphy-headband-hairstyle-705x1024Холивудската актерка Британи Марфи убиена е со отров за глувци, покажуваат најновите токсиколошки наоди, кои ги порача нејзиниот татко, незадоволен од истрагата.

Младата актерка беше пронајдена мртва од нејзината мајка пред четири години, а истрагата и обдукцијата покажаа дека починала од воспаление на белите дробови и анемија. Сопругот на актерката Сајмон Монџек почина пет месеци подоцна, а причина за смртта исто така беше воспалени на белите дробови.

Списанието „The Examiner“ тврди дека таткото на актерката, позната од филмовите „8 милји“ и „Девојките од Беверли Хилс“, нарачал независна истрага, сомневајќи се во резултатите на службената истрага. Успеал да дојде до примероците од нејзината коса и крв.

Во извештајот се сугерира дека Британи и Сајмон ги убила иста, непозната личност.

Коментари

Популарно