Чарлс Дарвин освои над четири илјади гласови на изборите во САД

Познатиот научник Чарлс Дарвин освои над четири илјади гласови на изборите за Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Гласачите во Џорџија на 6 ноември го допишувале на гласачкото ливче името на Чарлс Дарвин и гласале за него.

Повод за оваа постапка била изјавата на конгресменот на републиканците Пол Браун.

Тој на средба со своите приврзаници изјави дека Дарвиновата теорија, со која се објаснува потеклото на животот на Земјата е чиста лага, која доаѓа од самиот пекол.

Коментари

Популарно