ВИДЕО: Ова е најиновативната реклама за „Пепси“

„AMV“ е британска маркетинг агенција која реализираше впечатлива рекламна кампања за „Pepsi“.

njksdtykms-620x320

Минатата недела на автобуските постојки на Оксфорд Стрит беа поставени интерактивни рекламни билборди, кои привлекоа големо внимание кај минувачите.

Погледнете го видеото и ќе ви биде јасно за што се работи.

Какаото го намалува крвниот притисок и го штити срцето

Следниот пат кога ќе посакате нешто слатко – земете темно чоколадо.

Научниците открија дека флаванолите – антиоксиданси кои се наоѓаат во какаото – можат да го намалат вашиот крвен притисок и да помогнат во зајакнувањето на вашето срце. Утврдено е дека тие го прават тоа така што ги одржуваат ѕидовите на крвните садови еластични, што овозможува крвта полесно да тече низ телото.

За жал оние со слатко, млечното чоколадо сè уште не се добра идеја и подобро е да ги прескокнете, бидејќи имаат многу шеќер и обично содржат само 25 проценти какао, додека темното чоколадо може да има и до 90 проценти.

Студијата на Универзитетот во Сари, всушност, покажа дека луѓето кои земале додатоци на какао имале понизок крвен притисок и повеќе проширени крвни садови во рок од три часа. Апчињата имале флаваноли колку, да речеме, околу половина килограм темно чоколадо, кое обично се продава во пакување од 100 грама.

– Позитивното влијание на какао флаванолите врз нашиот кардиоваскуларен систем е непобитно – објаснува водечкиот истражувач, професорот Кристијан Хајс, кардиолог.

На пример, според Daily Mail, околу една третина од луѓето во Велика Британија имаат висок крвен притисок, што ги става на поголем ризик од срцев и мозочен удар. Лиснат зеленчук, кромид, јаболка, бобинки, цреши, соја, па дури и црвено вино се исто така богати со антиоксиданси здрави за срцето.

Во најновата студија, 11 здрави возрасни лица конзумирале капсула какао или плацебо на наизменични денови речиси две недели додека го извршувале својот секојдневен живот. Учесниците носеа монитор за крвен притисок на раката и клип за прст што мери колку им се вкочанети артериите.

На крајот од студијата, беше откриено дека нивниот крвен притисок бил понизок, а нивните артерии порелаксирани во деновите кога земале флаваноли – дури и до осум часа подоцна. Што е најважно, суплементите не го намалуваа крвниот притисок во деновите кога веќе беше низок.

Професорот Хајс истакнува дека ова откритие може да биде пресвртница кога станува збор за употребата на лекови за одржување на крвниот притисок.

– Лекарите често се плашат дека некои апчиња за крвен притисок можат премногу да го намалат притисокот во текот на денот. Она што го откривме укажува дека флаванолите на какаото го намалуваат крвниот притисок само ако е покачен – изјави професорот Хеис и најави дека сега планира да ги тестира апчињата меѓу пациентите кај кои е дијагностициран висок крвен притисок.

Пијалаци кои се одлични за мајките кои дојат

За да имате доволна количина млеко многу е важно да останете хидрирани, бидејќи доењето ве ожеднува. Иако најдобро е да пиете вода, со текот на времето ќе ви здосади па може да пиете и нешто друго покрај водата.

Од клиниката Мајо препорачуваат додека доите да пиете повеќе вода од вообичаеното. Во просек, секоја личност би требало да испие 8 чаши вода дневно, а со оглед на тоа што додека доите телото преработува повеќе вода, пијте 13 чаши вода, односно 3,1 литар дневно.

Водата со вкусови е одлична замена за обичната вода. Ќе ја ублажи желбата за благи сокови.

Наполнете бокал со вода, додадете го омиленото овошје, ставете коцки мраз и оставете да отстои преку ноќ. Краставица и диња, јагоди и лубеница, малина и лимон, аронија и јагоди, можностите се бескрајни.

Растителните чаеви исто така можат да бидат вкусни за доилките. Освен тоа се многу здрави. Но, мора да знаете кои чаеви да ги пиете, бидејќи не сите билки се добри за бебињата и доилките.

Бадемовото млеко е добра замена за кравјото млеко, содржи магнезиум, селен, манган и витамин Е. Може да го направите и сами, од бадеми и вода со помош на блендер.

Со овошни сокови не треба да претерувате, но една чаша сок на ден може да биде добар додаток на исхраната. Одбегнувајте дополнителни шеќери, како и сокови од цитрусно овошје.

Добра замена за водата се и соковите од зеленчук кои е најдобро сами да ги подготвувате.

Видео: Реакцијата на татко кој присуствувал на породувањето на неговата сопруга е урнебесни!

Канаѓанката Даниел Форд објавила видео на ТикТок од урнебесните реакции што ги имал нејзиниот сопруг додека таа се породувала.

Имено, таа цврсто го држела за рака додека тој се обидувал да остане смирен. Постојано се вртел кон камерата и изгледал како во секој момент да ќе поврати додека таа се породува.

Кога тоа завршило, таткото конечно здивнал и брзо седнал до креветот „да се одмори“.

„Оваа жена раѓа нов живот и истовремено убива друг“, се пошегувал еден корисник.

@danielle.foord I have no words ... #ForTheLoveOfBeauty #getoverherechallenge #fyp #birth #baby #labor ♬ original sound - danielle.foord

„Зошто мажите прават толку драма?“, прашал друг корисник на ТикТок.

Има и такви кои мислат дека ова не е повод за шега.

„Се гледа дека многу се трудел да ѝ биде поддршка на сопругата. Можел да замине, но не го направил тоа. Не реагираме сите исто кога ќе видиме крв“, вели трет корисник.

Популарно