Сител телевизија наполни 20 години!

Знакот кој 1994-та влезе во домовите денеска прерасна во бренд број еден. 17 Септември е денот кога на малите екрани се појави сигналот на уште еден национален медиум. Сител ја стартуваше експерименталната програма тогаш , а првата информативна емисија ја емитуваше на денешен ден пред точно 20 години, презентирана од Лидија Чолак. Стартот со екипа која ветува многу даде резултат. Доајените на тогашната телевизиска и филмска продукција меѓу кои и Лазе Паковски, Венцислав Војдановски, Зоран Предиќ, Стеван Ацевски, Горјан Стојков ги удрија темелите на кои подоцна се градеше кулата наречена Сител. Многу имиња, многу познати медиумски ликови кариерата ја градеа токму на оваа фрекфенција.

10172682_10205163289552186_8741693764944031339_n

Дваесет години Сител се менуваше, но секогаш според потребите на гледачите. Засекогаш запаметени остануваат Сител бамбини, Профил, Дневна соба, Спортското студио на Бошко Трпевски. Големи настани, преноси, телевиски проекти кои оставиле печат во македонската медиумска историја. Сето ова стои во биографијата на националниот медиум.

- Поминавме многу притисоци, многу проблеми, закани, упади во редакција, сето тоа сме го поминале за да бидеме она што сме денес, вели Драган Павловиќ – Латас главен и одговорен уредник на медиумот.

- Започнавме со еден, сега имаме три сигнали. Дадовме придонес и во спортот и во информативниот дел и во културата и мислам дека сите ние треба да бидеме горди, вели Бошко Трпевски уредник на спортската редакција на Сител.

Сител имаше простор за секого и за политчарите и за уметниците, но пред се за граѓаните. Некој негодуваа, некои се согласуваа.

10172747_10205163298392407_2308589652871890840_n

Уредничкиот тим предводен од Драган Павловиќ Латас, придружуван од Драган Попоски, Валентин Николоски и многу други знаеше што е она што граѓаните го бараат. Токму поради тоа Сител е на врвот на македонскиот медиумски пазар.

- Денес вие може да препознаете кој прилог е на новинар на Сител, кој коментар е на новинар на Сител. Успеавме да изградиме идентитет, односно она што е најважно во медиумот, вели Драган Павловиќ –Латас

Дваесет години подоцна Сител е телевизја која ги поставува стандардите. Секогаш чекор понапред пред конкуренцијата и секогаш чекор поблиску до гледачите.

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно