Во животот немал испушено ниту еден џоинт, а бил противник на сите дроги. Класичната, модерна медицина била негова професија и нешто во што верувал. Сепак, кога ќе се соочил со ракот на белите дробови, се обидел со сè, а го излекувало маслото од канабис. На педесет годишен лекар од Србија, пред шест месеци му бил дијагностициран рак на белите дробови со метастази во лимфните жлезди. Откако неговите колеги дигнале раце и му рекле дека шансите не му се големи, тој се свртел кон алтернативната медицина и почнал да користи масло од канабис.
За спрски Блиц, докторот П.Б. објаснува зошто се одлучил на тој чекор и како целата таа терапија и ситуација влијаела на него и неговата околина. Веста дека постои можност да се легализира марихуаната за медицински цели, целосно ја поддржува.
- Колегите веднаш направија се за да ми помогнат. Дијагноза и биопсија беа готови за седум дена. По првичниот шок, решив да одам во борбата против смртноносниот противник, почнува докторот П.Б. со својата исповед.
Како поддржувач на модерната медицина, тргнал на хемотерапија и оттогаш до денес минал дури 5 циклуси со тој начин на лекување.
- Ги вклучив сите можни алтернативи. Користев различни препарати, капки од Куба, сируп од манастирот Раваница...а за маслото од канабис слушнав, но бидејќи неговата употреба е противзаконска, ми беше тешко да го набавам и да го убедам продавачаот да ми го даде производот, вели П.Б.
Пред да ја почне терапијата со течен канабис, тој прашал дали ќе биде способен да работи.
- Се што се чувствувам кога ќе го земам маслото е сува уста, а понекогаш и благо чувство на лебдење во главата кое минува многу брзо, вели докотрот. Тој исто така радикално ја променил исхраната, а истоверемено се лечел и со канабисовто масло и со хемотерапија. Последните снимки од неговите бели дробови биле одлични.
- По три месеци можеше да се види дека ракот се намалува, а последните резултити од скенерот се уредни. Мојот радиолог беше воодушевен. Му реков на онкологот дека употребувам масло од канабис, на што тој само ги крена рамениците и ми рече да земам она што мислам дека ќе ми помогне, раскажува П.Б.
Во светот постојат многу контроверзи во врска со медицинската употреба на канабисот.
- Не постојат цврсти докази дека помага, но ги поддржувам експериментирањата со канабисот, со цел да се најде ефикасно решение за болните, неодамна изјавила д-р Kет Арни, врвна лекарка кој се занимава со испитувања на тумор.
Маслото од канабис е како смола
- Постојат голем број на преваранти кои продаваат доза од пет милилитри за 3.000 евра. Ако е тоа вистинското уље, тоа треба да биде како смола, златно жолта боја како златен прстен. Не треба да биде кафена или зелена боја. Уљето канабис најчесто се пакува во шприцеви од по 5 милилитри. Се користи така што капки со големина на зрно ориз се мачкаат на прст и се ставаат под јазик, вели Ален Aзерич, член на Хрватското здружение за природна, енергетска и духовна медицина HUPED, кое уљето од канабис го подаруваат на пациенти на кои им е потребно.