Како да го намалите високиот крвен притисок на природен начин

Хипертензијата, односно високиот крвен притисок не е само болест на повозрасната популација. Над една третина од младите на возраст од 16 до 34 години страдаат од некоја форма од оваа болест. И додека конвенционалниот метод за справување со високиот притисок е примање на лекарства, постојат и алтернативни начини за справување со истиот.

Следните шест природни средства ќе ви овозможат да го држите притисокот под контрола.

Сирови бадеми

Со секојдневен внес на еден грст сирови бадеми можете да направите значителна разлика во одржување на нивото на вашиот крвен притисок. Тие се клучна компонента за запирање на хипертензијата бидејќи се богати со незаситени масти кои помагаат при намалување на нивото на холестерол во крвта, ублажување на воспалението на артерии и го намалуваат крвниот притисок.

Лута пиперка

Лутата пиперка е несомнено една од најбрзите средства за намалување на крвниот притисок. Оваа намирница ги шири крвните садови и помага на слободниот проток на крв, како резулат на што се намалува крвниот притисок.

Промешајте една или две кафени лажички лута пиперка во топла вода со мед и алое вера и ќе добиете моќен домашен лек против хипертензија. Ако овој напиток е премногу жесток за вашиот вкус, земањето лута пиперка во облик на додаток во исхраната е уште една одлична опција за природни намалување на крвниот притисок.

Сок од косос

Богат со калиум, електролити и други важни нутритиенти, сокот од кокос докажано помага при значајно намалување на крвниот притисок кај многу луѓе кои го пијат.

Неодамнешното истражување утврдило дека земањето сок од кокос довело до значително намалување на крвниот систолички притисок кај 71 отсто испитаници, додека 29 отсто постигнале значително намалување на дијастоличкиот притисок.

Какао

Какаото, богато со флавоноиди и другите противвоспалителни нутритиенти, е уште едно прехранбено оружје против хипертензија.

Флавоноидите во какаото делуваат како адаптогени, му помагаат на телото подобро да се справи со стресот, честиот причинител за хипертензија. Какаото помага и во намалување на хормоните на стресот, кои имаат клучна улога во регулирање на крвниот притисок.

Бројни студии открија дека флавоноидите во какаото доведуваат до намалување на крвниот притисок од 4.7/2.8 mmHg и штитат од срцеви заболувања кои често се доведуваат во врска со високиот крвен притисок.

Куркума

Една од познатите прехранбени предности на куркумата се однесува на нејзината способност за намалување на воспалението во целото тело. Бидејќи воспалението е примарна причина за висок холестерол и висок крвен притисок, со намалување на воспалението, куркумата помага за подобрување на кардиваскуларните функции и одржување на здрав проток на крвта. Куркумата е исто така природен разредувач на крвта.

Лук

Истражувањето спроведено во 2010 година во Австралија докажа дека лукот е уште еден природен лек кој го намалува холестеролот и високиот крвен притисок.

Ако сакате да го избегнете непријатниот мирис кој го предизвикува конзумацијата на свеж лук, послужете се со додатоци во исхраната со лук во облик на таблети или капсули.

Сандра Африка примамува воздишки со мини бикини

Пејачката Сандра Африка веќе извесно време престојува во Црна Гора, каде има закажано настапи во текот на летото, а многу често ги почестува своите обожаватели со жешки фотографии.

Сандра редовно ги известува своите следбеници за своите гостувања, како и за времето кое го поминува уживајќи во Јадранското Море, а овој пат машката фантазија ја разгоре со своето минијатурни бикини.

Под фотографијата имаше бројни позитивни коментари.

Не ги скратила ноктите на рацете 25 години и станала Гинисов рекорд

Дајана Армстронг од Минесота не ги скратила ноктите цели 25 години. Невообичаеното „хоби“ за одгледување нокти и нивно украсување ја сместило на почесните страници на Гинисовата книга на рекорди како шампионка со најдолги нокти.

Дајана официјално е жената со најголема должина на нокти во историјата. Според Гинис, нејзиниот најдолг нокт (на палецот) е еден метар и 38 см. Како што рекла, последен пат ги исекла ноктите во 1997 година, а престанала да ги обликува и крати по смртта на нејзината ќерка, која починала на 16 години во текот на ноќта поради тежок напад на астма.

Дајана раскажала дека таа и нејзината ќерка Латиша имале ритуал на средување на ноктите и дека нејзината ќерка секогаш правела маникир. По нејзината смрт, таа се зарекла дека никогаш повеќе нема да ги скрати.

„Секогаш кога ќе помислам дека треба да ги скратам, се ежам и ме обзема тага и очај кои ги почувствував оној ден кога почина. Не сакам да поминувам низ тоа, па ги оставив такви какви што се. На тој начин чувствувам дека ми е поблиску“, рекла Дајана за „Fox“.

Додава дека не ги пуштила за да влезе во Гинисовата книга на рекорди и дека не сака што луѓето ја осудуваат, бидејќи не знаат низ што поминала.

Со оглед на тоа дека должината на ноките во просек ѝ е повеќе од еден метар, секоја вообичаена дневна рутина ѝ е предизвик. Бидејќи не може со раце да земе одредени работи, почнала да ги користи стапалата. Поради ноктите престанала да вози автомобил.

Дајана дозволува внуките да ѝ ги средуваат ноктите додека им се фали дека е Гинисова рекордерка.

Едноставен трик за куќата да ви мириса преубаво

Во последно време, доколку ви требаат одредени трикови и стимулации, особено кога станува збор за уредување на вашиот дом, посетете ги социјалните мрежи.

Една жена сподели феноменален трик за освежување и мирис на собите, кој воодушеви голем број луѓе.

Потребна ви е рерна и два до три лимони. Пред да спиете, пресечете неколку лимони на половина, па ставете ги во исклучената, но загреана рерна и оставете ја вратата отворена.

Кога ќе станете наутро, затворете ја вратата од рерната и вклучете ја само неколку минути. Потоа исклучете ја рерната и отворете ја вратата. Овој трик ќе ви помогне домот да мириса прекрасно, а што е уште подобро – нема да видите ниту еден инсект во вашиот дом.

Популарно