Ако ги имате овие симптоми, значи дека имате паразити во телото од кои треба да се ослободите

Повеќето луѓе не се свесни за опасноста за нивното здравје која можат да ја предизвикаат паразитите, а повеќе од 80 отсто од пациентите имаат некој вид паразит или бактерија во телото. Според истражувањата, просечен Американец во своето тело носи барем една половина килограм паразити.

Паразитите ги апсорбираат витамините и минералите од нашето тело, а за возврат испуштаат токсини што го загадуваат организмот.

Паразитите навлегуваат во организмот преку:

• неизмиено или слабо измиено овошје и зеленчук

• термички недоволно обработено месо и риба

• домашни животни (преку допир и милување мачиња и кучиња и преку нивните фекалии – можноста за зараза на децата со токсоплазмоза од мачка е 100 отсто)

• воздух (сите фекалии од животните се разнесуваат преку ветерот).

• нечисти раце, пари.

• преку капење во мориња, езера, базени.. (паразитите продираат преку кожата).

Симптоми: Проблеми со кожата, како што се осип, рани, повреди, егзема, уртикарија и сува кожа. Промени во расположението и вознемиреност, вклучувајќи анксиозност, депресија, заборавеност, нервоза, немир, замор, апатија, дијареа (паразитите имаат тенденција да ја нападнат слузницата на цревата, со што се предизвикуваат стомачни проблеми, вклучувајќи дијареа), анемија.

Антипаразитната програма е препарат од три билки: црн орев, пелин и каранфилче. Комбинацијата на овие три билки овозможува комплетно чистење на организмот од паразити. Црниот орев ги уништува возрасните паразити, пелинот ги елиминира нивните ларви, а каранфилчето ги терминира јајцата на паразитите.

Oвошје кое ни е дар од природата

Смоквата со децении се користи во народната медицина, а нејзината примена се препорачува на оние кои патат од зголемен холестерол поради тоа што содржи повеќе растителни влакна од било кое друго овошје или зеленчук.

Особено се богати со пектин и растителни влакна кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

Само пет смокви дневно обезбедуваат над 20 отсто од препорачаната дневна доза на растителни влакна.

Смоквата е богат извор на калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум.

Го намалува холестеролот

Поради намалените артерии може да настане инфаркт или пак мозочен удар. Освен холестеролот на оштетувањето на срцето делуваат и зголемените триглицериди. Докажано е поволното делување на смоквите на нивото на холестеролот во крвта.

Растителните стероли како стигмастеролот и ланостеролот кои ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите холестерол во цревата и така спречуваат негова апсорпција.

Превенција на срцев удар

Омега 3 и омега 6, кои смоквите ги имаат во изобилство, важни се за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Смоквите се добар извор на калиум, минерал којшто го регулира крвниот притисок.

Помош при лекување на дијабетес

Поради количината шеќер која ја содржат, дијабетичарите треба да внимаваат при консумирање смокви. Сепак, доколку се користат умерено, може да доведат до намалување на потребите за количина инсулин кај дијабетичарите.

Подобрување на помнењето

Редовното консумирање смокви спречува анемија и го подобрува помнењето. Само четири суви смокви обезбедуваат дури една четвртина од препорачаната дневна доза на железо за организмот

Против настанување акни

Со виљушка направете маска од три свежи смокви и една лажица јогурт, па нанесете ја на лицето. Масирајте се и оставете ја маската на кожата 15-20 минути да се исуши, па измијте се. Истата маска може да ја нанесете на усните за да се ослободите од испуканите усни и мртви клетки.

Еве која е тајната на здраво слабеење

Дали некогаш сте помислиле дека тајната на слабеењето зависи од тоа кога ќе го изедете последниот оброк?

Вистина е дека тоа го потврдуваат различни студии, а експертите велат дека треба да вечерате пред 20 часот, по можност околу 18 часот и на тој начин да ги оптимизирате шансите, еднаш засекогаш, да се ослободите од вишокот килограми.

Докажано е дека раната вечера позитивно влијае на нашата тежина, бидејќи го продолжува периодот до времето за спиење и на тој начин поттикнува подобро варење. Ова е исто така најдобриот начин да се избегне ноќната желба за храна и да се намали складирањето на маснотии во телото, колку што е можно повеќе.

Денес веќе знаеме дека вишокот на калории во кој било дел од денот придонесува за таложење масни резерви, а контролата на телесната тежина во најголема мера зависи од вкупната количина на калории што ги внесувате во текот на денот.

Внесувањето повеќе калории отколку што ви треба на крајот ќе доведе до несакано зголемување на телесната тежина, но прескокнувањето на појадокот и јадењето главни оброци во втората половина од денот може да ја влоши целата ситуација.

Зошто не е добро да се јаде непосредно пред спиење?

Добрата рутина за спиење е важен дел од вашето здравје, па затоа е важно да не ја расипувате со погрешни навики во исхраната, односно доцни оброци.

Се препорачува да не јадете најмалку 2 часа пред спиење, бидејќи така нема да имате проблеми со стомакот и варењето во текот на ноќта. Сепак, не се откажувајте од вечерата, бидејќи ако стомакот ви е празен, нема да спиете добро поради глад.

Ако вашиот последен оброк е подоцна, поголема е веројатноста да развиете киселина/рефлукс од несварената храна и исто така да се здебелите.

Погрижете се вашата вечера да биде лесна, богата со зеленчук и протеини. Не се препорачува да јадете храна богата со јаглехидрати пред спиење, бидејќи тие се богати со енергија која не ви е потребна тогаш.

Важно е да се напомене дека за целиот пристап кон слабеење треба целосно да ги промените вашите навики во исхраната, бидејќи самото менување на времето на вечерата, без да се земе предвид внесот на калории во остатокот од денот и физичката активност, не може да помогне.

Овие 7 намирници го намалуваат ризикот од бројни болести

Следните седум намирници набавете ги и консумирајте ги почесто, бидејќи со нивната консумација, ќе го спречите и намалите ризикот од бројни болести.

Авокадо

Маслото во внатрешноста на авокадото се бори против слободните радикали, кои предизвикуваат рак, исто така, авокадото може да биде добро и како маска за лице.

Цимет

Посипете цимет преку вашата овесна каша и ќе го одржите ниското ниво на шеќер во крвта.

Пченка

Пченката е богата со растителни влакна, кои се борат против ракот на дебелото црево

Цвекло

Пијте секојдневно 250 мл сок од цвеко доколку сакате да го зајакнете здравјето, крвта и да го намалите притисокот.

Јајца

Јадете јајца, особено жолчката, за да спречите појава на деменција.

Кафе

Кафето нема само да ве разбуди во утрото, туку и ќе го намали ризикот за појава на рак за 21 процент.

Просо

Просото е богато со триптофаном, кој го намалува ризикот за појава на депресија.

Популарно