Седум видови оргазми кај жените за кои не сте знаеле

Мажи, усовршете го својот занает во креветот така што ќе се запознаете со следните типови на женски оргазми, за кои ниту жените не знаат. Ако сакате да го потресете епицентарот кај припадничките на понежниот пол, ви пренесуваме седум начини кои ќе ви помогнат да ве памети целиот живот.

Клиторисен оргазам

За овој оргазам потребно е директно надразнување на клиторисот, кој испраќа пријатни бранови низ целото тело на жената. Овој орган има дури два пати повеќе нервни завршетоци отколку што мажите имаат на главата на пенисот. Поради чувствителноста реагираат на повеќе видови допир. Некои жени сакаат понежа, а некои поинтензивна стимулација на тоа подрачје. Постои орална стимулација, а кога користите и прсти, послужете се со лубриканти на база на вода и пуштете ја жената да ве наведува на она што и одговара. Клиторисниот оргазам може да биде многу интензивен, но поголемиот дел од жените го сметаат за помалу длабок од останатите видови.

Вагинален оргазам

овој тип задоволство се однесува на вагиналните ѕидови и останува насочен на подрачјето на карлицата или долниот дел од стомакот, а може и да се прошири, во зависност од искуството. Контракцијата на матката, карличните мускули и понекогаш анусот се јасен знак на оргазам, за кој не е пторебно многу време да се постигне. Жените овој оргазам го чувствуваат како притисок кој полека расте и експлодира длабоко во внатрешноста на вагиата, поради што го карактеристираат како помалку интензивен.

Г-точка оргазам

Кога ткивото околу мокраќната цевка се исполнува со крв кога жената сексуално е возбудена се нарекува Г-точка, од која тргнува оргазмот и во кој се чувствува врвот кој може интензивно да минува низ целото тело. Оваа рекација е многу слична на машката ерекција, затоа што уреталниот сунѓер станува тврд, што се чувствува и на допир. Научните стимулирање се ритмичко туркање или кружни движења кои често предизвикуваат женска ејакулација. Овој потфат бара време, а жените го опишуваат како посебно, длабоко и интензивно телесно задоволство кое расте се додека целото подрачје околу долниот стомак и карлицата не „експлодираат“.

Женска ејакулација

Благодарение на древната тантричка техника, овој тип на оргазам предизвикува длабока врска измеѓу жените и нејзиниот партнер. Другите видови на женски оргазам во споредба со овој се и премногу благи.

А-точка

Стимулацијата на предниот ѕид на вагината, на длабочина од седум до 10 сантиметри го пружа овој оргазам. најлесно се постигнува со прсти, така што тоа подрачје се трие и надразнува. Можно е да се постигне и во мисионерската поза. По органозмот А-точката изчезнува, како и Г-точката, така да акцијата може да продолжи.

Длабок оргазам

Настанува кога се стимулира дел од вагината кој се наоѓа на најнискиот дел на задниот ѕид, непосредно пред грлото на матката. Тоа може да се предизвика со прсти или длабоки и плитки движења.

У-точка

Малиот простој кој се наоѓа непосредно и од двете страни на отворената уретра, дел од кожа измеѓу мокраќната цевка и вагината, кога се стимулира со прст, јазик, врвот на пенисот, пружа моќно еротско доживување.

Во зрелите години нема повеќе заљубување

Во зрелите години нема заљубување. Има само тоа – некои луѓе се пријатни, а некои не. Не постои „Не можам да живеам без тебе“ затоа што си преживеал толку многу пати кога си мислел дека нема.

Нема, „не можам да учам затоа што постојано мислам на тебе“, затоа што веќе не си на училиште или факултет, туку си на работа од која ги плаќаш сметките и храната.

Нема несоница, бидејќи знаете дека каков и да е проблемот, утре е нов ден и знаете дека утрото е попаметно од вечерта. И кога нешто ќе тргне наопаку, немојте да молчите, туку кажете јасно и гласно: „Сакам ова, а ова, извинете, нема да го толерирам“.

А ако нешто не функционира, тогаш убаво кажуваш „благодарам“ и си заминуваш.

Знаци кои укажуваат дека поранешниот партнер сè уште има чувства за вас

Раскинувањето секогаш остава траги на душата, а дали некогаш сте се запрашале - дали на вашиот поранешен партнер му е жал што раскинавте, дали сè уште сонува да го обнови контактот?

Ова прашање може да поттикне лажни надежи и да ве врати во состојба на конфузија и несигурност, па затоа е важно да бидете внимателни. Секако, ако врската била токсична и сте се чувствувале лошо во неа, не треба ни да размислувате за тоа, туку продолжете понатаму и пронајдете ја личноста која ве заслужува.

Но, доколку сте ја прекинале врската која била убава и во која имало љубов која сепак не згаснала, важно е да ги препознаете сигналите по кои партнерот вели дека сака повторно да се обиде со вас. Еве неколку знаци кои според експертите укажуваат дека сака да уште една шанса:

1. Сè уште е сам - Доколку вашиот поранешен партнер сè уште нема никој и не е заинтересиран да започне нова врска, можно е сè уште да размислува за вас. Ако не е подготвен за нова врска, тогаш чувствата не се целосно изгаснати.

2. Сака да одржува контакт со вас - Ако понекогаш ви прати порака за тоа како сте, ве покани да излезете или ја користи приликата да разговарате, тогаш не сака целосно да ве изгуби. Тој сака да продолжи да комуницира со вас и да биде во ваша близина.

3. Јасно покажува дека му е жал за грешките и за раскинувањето - Овие емоции се уште посилни доколку во тој момент немал можност или желба да се извини. И тоа треба да се забележи, не само од неговите зборови, туку и од неговите постапки. Отворено се извинува и покажува дека се грижи за заеднички да ги средите работите.

4. Ви обрнува внимание - По заминувањето, партнерот може да почне да ве опсипува со повеќе внимание, некои гестови покажуваат дека сака да му се вратите – како на пример: емотивни пораки, подароци, изненадувања, убави зборови, покана за ресторан или кино … Покажува дека сака да продолжи онаму каде што сте застанале.

5. Нема обвинувања и кавги - Ако се труди да одржува пријателска комуникација, не сака да се навраќа на старите лоши работи, да ве обвини за нешто, но во разговорот се фокусира на сегашноста и иднината, може да значи дека тој планира негативното да го остави зад себе.

6. Се забележува неговата тага  - Ако станал поповлечен, чувствителен, сменил некои секојдневни навики, избегнува дружење, не споделува емоции со другите, во неговите очи се гледа дека не е среќен, тоа е всушност болката која ја чувствува. Но, некои луѓе ги доживуваат овие знаци како игра и преправање. Можете сами да направите паралели и да извлечете свои заклучоци - како би реагирале во ваква ситуација?

Ако сè уште постои врска и чувства меѓу вас, ќе ги разберете вистинските причини за тоа што се случува. Главната работа е да не се носат избрзани заклучоци. Ако планирате да ја преиспитате вашата неуспешна врска во блиска иднина, обидете се навистина да го направите тоа. Можеби и двајцата сте се промениле како поединци и сте подготвени да учите од сопствените грешки. На крајот, единствениот вистински начин да откриете дали сте подготвени и дали вредите да ја обновите оваа врска е отворената и искрена комуникација со партнерот.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Популарно