Совети како да имаме повеќе енергија во зимските студени денови

Зимските денови често носат кратки часови на светлина, студени температури и магла, што може да влијае на нашето општо чувство на енергија. Многумина се борат со недостаток на енергија во овој период од годината, но постојат неколку стратегии што можат да помогнат да се чувствуваме посвежи, полни со енергија и позитивни.

Светлината е клучна

Иако зимските денови се кратки, важно е да се искористи секој момент на природна светлина. Обидете се да се изложите на сонце што е можно повеќе, дури и ако тоа значи да излезете на неколку минути за време на ручек. Ако не можете да го добиете потребното количество природна светлина, инвестирајте во специјализирани лампи за терапија со светлина кои го имитираат дневното светло. Овие лампи може да помогнат за подобрување на расположението и зголемување на нивото на енергија.

Здравото исхрана

Зимата е време кога телото побарува повеќе енергија, а добар начин за да му помогнеме е преку исхраната. Богатите во витамини, минерали и антиоксиданти намирници, како што се цитрусни овошја, јатки, зеленчуци и интегрални житарици, можат да ги зголемат нашите енергетски резерви. Не заборавајте да пиете доволно вода – иако зимата е поладна, нашето тело сè уште има потреба од хидратација.

Физичка активност

Додека може да биде помалку примамливо да излезете во студот, физичката активност е одличен начин за да го подобрите нивото на енергија. Умереното вежбање, како што е брзо пешачење, јога или вежби во домот, го поттикнува протокот на крв и ги ослободува хормоните на среќа, како што се ендорфините. За 15-30 минути активност секој ден, телото ќе се чувствува поенергично и поподготвено за предизвиците што ги носи зимскиот период.

Топли пијалаци

Топлите пијалаци не само што ни помагаат да се загрееме, туку и можат да ја подобрат нашата енергија. Чајот, особено зеленото или црното, содржи кофеин кој може да го зголеми вниманието и да ја подигне нашата енергија. Топлите супи и чорби, пак, се одлични за поддршка на имунитетот и одржување на телесната температура, што е клучно во зимските денови.

Спиење и одмор

Како што сезонските промени влијаат на нашиот биолошки ритам, важно е да се одржи редовен распоред на спиење. Неопходно е да се спие доволно – од 7 до 9 часа – за да имате доволно енергија за следниот ден. Ако чувствувате замор, кратката нап или одмор за 10-15 минути може значително да го подобри вашето чувство на енергија и концентрација.

Позитивен ум и релаксација

Магливите и студени денови може да создадат депресивна атмосфера, па е важно да се обрне внимание на своето ментално здравје. Практикувањето на медитација, благодарност или релаксација може да помогне да се намали стресот и да се задржи позитивниот дух. Ова исто така може да доведе до поголема енергија и посветеност во текот на денот.

Во зимскиот период, често е предизвик да се остане мотивиран и енергичен, но со здрави навики за исхрана, редовна физичка активност, и фокусирање на менталното здравје, можеме да ги пребродиме студените денови и да се чувствуваме полни со енергија.

Лепче со паричка на Бадник или на Василица?

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености.

Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје.

Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Православните христијани го слават Бадник

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред Соборниот храм ќе ја каже здравицата во пресрет на Божик. 

Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, Христовото раѓање напладне во Скопје и други градови низ земјава,  ќе го најават децата со бадникови поворки, пеејќи ја „Вечниот Бог“.

Во Скопје се очекува да биде формирана досега најдолгата бадникова поворка, а за дечињата се подготвени повеќе од 3.500 коледарски пакетчиња.

Поворките ќе тргнат пред Музејот на Град Скопје, со движење низ улицата „Македонија“, а ќе завршат на Плоштадот во Скопје, каде што ќе се одржат голем Божикен концерт, креативни работилници за децата на кои секое дете ќе може да изработи своја ѕвезда и да ја зачува за следната година, драмски претстави за сите возрасти, како и традиционално дарување од градоначалниците, кои ќе ги пречекаат дечињата, како најрадосни предвесници на Христовото раѓање.

На плоштадот во Скопје уште претходно беше поставена пештера на Христовото раѓање, создадена од врвни уметници и волонтери.

- Бадниковите поворки и во 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани, ширум земјава и странство. Затоа, ајде сите заедно да ја пренесеме божикната радост во секој град, секое населено место, во секој дом и да го почувствуваме благословот на Христовото раѓање, порачаа од Здружението „Бадникови поворки“.

Поради одбележувањата на Бадник, денеска на подрачјето на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. 

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Популарно