Летото полека изминува, но дискусијата дали најтуристичкиот македонски град е полн или празен, дали оваа туристичка сезона е тотално промашување или не, и најважно кои се цените на сместувањето во Охрид не престануваат. Бидејќи на неколку пати бевме набедени за дезинформации, најчесто од охриѓани, денеска се потрудивме да дојдеме до цените кои самите тие ги нудат на интернет. Пред да ги погледнете цените и што добивата за таа цена, уште еднаш да напоменеме, Засе.мк нема ништо против охроѓани или Охрид и во ниеден момент немаме напишано свој став за летната дебата. Ние само пренесуваме информации.
Во близина на плажите Кадмо и Куба Либре, кабловска, бежичен интернет, тераса, 1 купатило за три соби.
Цена: 300 денари кревет до 15 Јули, 350 по 15 Јули
Во близина на дискотеката Арена. Има Кабловка, бежичен интернет, сопствен влез, кијничка, купатило, тераса, паркинг место.
Цена: 300 денари од особа
Кабловска, бежичен интернет + лаптоп, паркинг место, автобус до плажа прд куќа, комплетно нов мебел
Цена: 300 денари од човек
Вила Ивона, од највисока класа на приватно ашартмантско сместување - 4 ѕвезди. Секоја соба е опремена со: клима уред, кабелска телевизија, фрижидер, бежичен интернет и сопствена бања со 24 часовно централно снабдување со топла вода. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби.На приземје има loby простор со чајна кујна и простор за пушење и одмор. Пред објектот има голема тераса и сопствен паркинг. Оддалеченост од автобуската станица: 400 м.
Цена: 500 денари на ден а за деца до 10 години кога се сместени во ист апартман со родителите сместувањето не се наплаќа
Центар на Охрид, во близината на Охридска банка. Секоја соба има Тв, интернет, посебно купатило и обезбеден паркинг.
Цена: 400 денари
Собите во Охрид се наоѓаат на ул. Питу Гули во непосредна близина на Автобуската станица на главна улица. Имаат сопствен паркинг,комплетно опремени кујни, интернет и кабелска ТВ. Собите се двокреветни, трокреветни и петтокреветни со балкони. Опремени со Нови кревети масички плакари. Кабелска телевизија (55 канали во секоја соба)+ Ви-Фи безичен неограничен интернет. Бањи со топла вода 24/7.
Цена: 300 денари
Соби во строгиот центар, на плоштадот во Охрид, со прекрасен поглед на езерото. Кабелска телевизија во секоја соба(55 канали)+ВИ-ФИ безичен интернет неограничен. Бања со топла вода 24/7. Кујна опремена со сите елементи прибор. Приватен бесплатен паркинг
Цена: 350 денари